Таг: појадок

Како лобистите од појадокот направија најважен оброк во денот

Човек кој живее на автопилот следејќи го она што го пишува во медиуми, може да се убеди дека сите препораки за исхраната и здравјето се резултат на чиста наука и напредокот во сознанијата. ОК. Знаете ли дека човекот кој го измисли „лесниот оброк со житарици“ е истиот човек кој веруваше дека најголемо зло е мастурбирањето? 

Појадок од големата депресија

Никогаш немало поприкладно време да споделиме појадок со една жена која ја има преживеано Големата депресија во онаа земја од трет свет што сите ја сметаат за толку напредна. 

Најважниот (и најкнижевниот) оброк во денот

Пандемијата, меѓу другото, го редефинира појадокот, како оброк на кој конечно можат да му се посветат оние кои се во изолација или кои работат од дома. Иако нема голем број готвачи со рецепти кои можат да помогнат во негово осмислување (како појадокот да не може да е креативен), истото можат да го направат романи, биографии и мемоари.

Англиско македонски појадок во Лондон со Офсајд

Читател ни прати фотка од Лондон по која и по веќе изеден мрсен пица бурек утринава, ова сега би го јаделе за ручек.

Батали англиски, ако е појадок нека е турски

Опсесијата што ја имаме со турска храна (минус овчетина) речиси да нема сегмент од секојдневието што не го покрива. И покрај тоа посебна ѕвезда, ем-ви-пи на лепезата вкусови е турскиот појадок (со многу тесна разлика). Содржински, количински и мерачки без рамен на себе, посебна категорија која ги прави сите други појадоци само инфериорен обид за утринско гнетење.

Палачинки од банана

Брзи и најлесни на свет!

Младите се премногу мрзливи да јадат житарки

Дел од популарноста на чинија полна со житарки со млеко или јогурт се должеше на фактот дека тоа е еден од наједноставните решенија за појадок. Но, за денешните млади и тоа е некако напорно.

Јајца Бенедикт

Ги спремаш еден саат за да ги изедеш за една минута!

Колку е штетно да прескокнеш појадок?

Чувството на вина што го имаш околу прескокнувањето појадок, многу поверојатно е да потекнува од кампањата за задолжителност на појадокот што мајка ти ти ја водела цело твое детство, отколку од науката.

Крок Мадам

Француски доручек

Да се појадок или не?

Има доста здрава логиката зад идејата дека појадокот е најважниот оброк во денот, односно дека наутро е важно "да му ставиш гориво на моторот, за тој да може цел ден да работи" или која и да е аналогија што ви ја кажувале. Само што може и да не е така.

Престанете да појадувате, ручате и вечерате

Трите дневни оброци беа фиксови во сите досегашни режими на исхрана кои требаше да помaгаат да се намали тежината. Сега е време сето тоа да го заборавите. 

Есеј за хотелскиот појадок

Токму навреме за „најважниот оброк во денот“, текст за еден феномен кој сме го мислеле откако прв пат сме појадувале во хотел. Ние имаме добра причина зошто сега веќе го прескокнуваме - има некоја тага во едвај расонетите луѓе кои во рани зори бутаат пржени јајца и се одлучни во тоа да ви прават осмислен разговор, додека вашето асоцијално јас сè уште не е успиено од дневното, политички коректно „друго".