Палачинки од банана

Брзи и најлесни на свет!

Потребни состојки:

  • 120 гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички прашак за пециво
  • 1 јајце матено
  • 240 мл млеко
  • 2 лажици зејтин
  • 2 фино зрели банани
  • сол

Мислам дека ја знаете онаа изрека “Работи го тоа што го сакаш и нема да работиш ден во животот“. Како што веќе ви кажав, почнав да готвам во ресторан, поточно во “Антигона“ кој е дел од “Македонско село“. Цел ден сум таму и сум пресреќна. Малце е зезнато што социјалниот живот ми е...немам! Но не се жалам, убаво ми е! Ми се лутат пријатели и роднини дека ме нема, дека ги заборавам, но се надевам дека ќе ми простат. 

Овој рецепт излезе викендот пред ресторанот да се отвори официјално. Најчесто појадувам кафе и цигари, но кога ќе ми се пријаде сакам да јадам убаво. Ова се многу едноставни палачинки и можете да ги комбинирате со што ви душа сака. Јас ги искомбинирав со сè. Омлет, домат, шунка, кашкавал, но сето тоа на страна од нив. А да, јаворов сируп обавезно.  

Чекори за подготовка:

  1. Во еден сад спојте ги сите суви состојки. Брашното, шеќерот, прашакот за пециво и прстофат сол. Промешајте ги убаво за да се соединат.

  2. Во друг сад ставете ги сите течни состојки. Млекото, јајцето, зејтинот и бананата (изгмечена).

  3. Садот со течни состојки префрлете го во оној со суви и со рачна маталка убаво измешајте.

  4. Во тава за палачинки ставете малку путер да се растопи. Најбитното нешто, ригнлата да ви биде на пола температура. Дури и малку помалце. Ако имате обични со 1, 2 и 3, ставете ја на 1 ипол. Ако имате стакло керамика ставете ја на 4. Не е поентата да изгорат. А тоа ќе ви се случи ако ви е на многу јако. Палачинката треба да се сврти кога ќе приметите дупчиња на површината.

  5. Кога ќе ја свртите треба да ви изгледа вака.

  6. Направете го цело тесто и послужете ги со што ви душа сака. Не го заборавајте јаворовиот сируп.

    уживајте,
    Софка

Хинт:

Додека палачинката се пече од едната страна, во самото тесто додадете овошје по ваш избор.
23 септември 2016 - 11:56