Како го сочував од заборав нашиот...

Ресенизам

Отворам очи едно утро, земам телефонот во рака да видам колку станал саатот, кога на дисплеј, покрај логото со загризаното јаболко, саатот, датумот, знаците на ВИП за јачина на мрежата, WI-FI и процент на полност на батеријата, еве ти и една ФБ порака во инбокс, потпишана и испратена од лицето со иницијали С.М - Т. која парафразирана гласеше: Хеј друже & брате, сакаш да ти пишам нешто или си во фрки?

Лета, лета времето и никого не чека - што би рекол Влатко во новогодишната песна на Леб и сол. Е така летна и цела година од понудата да почнам да пишувам на Офф. А сјечам се тога као да је било јучер - што би рекол Стариот.

Отворам очи едно утро, земам телефонот во рака да видам колку станал саатот, кога на дисплеј, покрај логото со загризаното јаболко, саатот, датумот, знаците на ВИП за јачина на мрежата, WI-FI и процент на полност на батеријата, еве ти и една ФБ порака во инбока, потпишана и испратена од лицето со иницијали С.М - Т. која парафразирана гласеше: Хеј друже & брате, сакаш да ти пишам нешто или си во фрки?

После потврдата дека ете баш сакам да ми пише, меѓу другото следеше: Со задоволство би ти отворил бавча кај нас, само уште поп ни фали...

Легендата вели дека со чорба во Наџак најдобро се договараат детали, па ја закажавме. Како и секој културен дечко прошетан низ Европата, најавив дека ќе ме препознаат по тоа што имам брада и ќе бидам облечен во црно. И ко за чудо веднаш ме препозна екипата.

Она што ми беше особено важно и што ме кандиса за пишување е тоа што во пишувањето не бев врзан со термини, нити со теми, форма, уште помалку со стил. До душа, нашата сакана уредничка на Букбокс ме замоли да не пишувам и јас на дијалект. Секако, не со зла намера, уште помалку дека и дошле преку глава колегите кои од време на време знаат да напишат нешто на дијалект или жаргон и така се симпатични со тоа, но да не ја претераме беше муабетот.

И така се започна... Пишував и објавував. Издржав цела година да се држам до молбата.

Но деновиве, пуштајќи мозок на пасење низ родната ми Преспа, уз муабет со роднините, другарите и пријателите, гледам како полека ама за жал сигурно во неповрат заминуваат зборови и изрази кои го карактеризираат преспанскиот дијалект. Вртејќи ги и набројувајќи ги низ глава пред спиење мноштвото зборови, се обидов да ги запишам. Да не се заборават, си велам.

Се заиграв со сите нив. Се обидов сите да ги поврзам во една логична приказна.
Едноставно сакав да и се оддолжам некако на Преспа за сите убави денови и спомени кои ми ги дарила и ми ги дава штедро и ден денес, кога успевам да украдам некој ден низ неа.

За првата писменост...

Ќе ги запишам, ќе ги поврзам и на тој начин ќе ги конзервирам, ми учеше логиката. А потоа таа тегла со туршија дијалект ќе ја објавам, во бавчата ќе ја закопам и негде низ виртуелната витрина на меморија на интернетот ќе ја оставам за некое радознало дете кое ќе сака да трага по корените да ја отвори и да се наслади со јазикот на дедо му, прадедо му.

Прашав. Можело, и имало простор и за Ресенизам. Па еве ја теглата со конзервиран дијалект, за летно и роденденско освежување.

Са стемнало времето
џанџигер.
Над Бакојца сила са сечит
А кај љуѓево шашрма.
Од уплав, да не удрит градот
пуздер да напрет се.
А јаболкава уште зелени јагурина,
скомина устата да ти фатит
чим к'сниш
од шо са кисели афрат.
А бе ровја ко ќе светнит
цела дограма са тресит.
А то ѕвукот страшен
ко дрмон ко ќе са растркаљат
низ авчана.
Курдисан на тераса,
јадам тро пепун, тро карпуз и
си са тешам, молчи шемше имам.
Ено го на стисон потпрено.
црвено ко тутенката
до р'веникот
под кафтицата шо е.
Ко ќе удрит то дождот,
на бас са фаштам
дека ни со буци в бавча
не ќе са влегвит.

И кучево дури нервозно лает
и са давит со на баба ми кошето старо
ко со некој лиот.
Ѓулојте поснопица ги сторе.
Ни боливач таму не ќе никнит ко што ми са пуљит.
И ко за беља
коблицата ја турна,
а во неја фрчата беше кладена
за да искиснит.
И кисла са напре пустото,
та жаљ ми падна.
Инаку, ќе фрлев со скепарот по него
па нека са скоматит
вид виделина нека фатит.
Ни ајрот, ни сејрот од него.

Молчи ми текна циронките да ги приберам
дождот да не ги исквасит.
Ај за нив и така и така
ќе фрлиме пезуљот други ќе фатиме,
ама тие чаврината кај ќе ги најдам?
Чунките ги собрале, рече некој,
со се мрежи топтан.
Ако не си влезен во кизијата
не можиш назад да си ги земиш.
Ништо, ќе јајме годинава јарлмази.
Ено ги до авлија никнале.
Кај шо ги чуваше дедо ми дајаците.
А по некојпат потпори ги викаше.
Ко мал ги мешав зборојте
дарак и дајак.
Ама разликвев диќељ и дурија.

Ко едно време,
од ветрот изгледа,
ми са стркаља од некаде
една шука.
Та ко сум ја колкнал,
(во бирљи шо вељевме буриштина),
знев дека некој беузур ќе напрам.
Мајне и калејнцата љушпи ја сторив.
Сетне,
ма фате мерак да са повозам со точакот.
ама ко видов са вџашив.
Гумите пашкајца
а далми на чембер не са возит.
Са попарив и са откажав.
Трнав пешки.
По бавчиве пуљам само патуљаци садат,
и са мисљам дали некој уште имат к'сало.
Од пусти страв од дождот
и мајсторот се парнисал,
и тезгере, и варија, и казма...
Зимбириќат не знам шо ќе му бил
ама и него не го прибрал.
И са скапав чудејне
ко видов како му текнало
на место пљумбе
кацевида да врзит на ортомчето
за да ѕидат под ѓонија.
Ми замириса мискојна и
ма удре умот да са опитам
дали уште одат љуѓе на пролет на Маказ
по ливаѓено
да берат штрко цвеќе.
На враштајне скоптисав дека
комшијата сечит една ветка од б'зот.
На детето тенгало да му напрет.
Дувна ветар и талашот
цел двор јок го сторе.
Утре ќе му трнам фикме
на детето
за проба некој џам низ малава да скршит.
Каков иштаф за капајнци печени
ма фате ко видов вевта тепсија
фрлена на чатијата од племната.
Старите во такви печеја.
А ко ќе ја загореја
под капајци ја клава
да искиснит со пепел.
А пак зимно време
пепел ни фрља
на лизгајнцата
да не можиме со сајните да са лизгаме.
Си има марифет.
Шо не фрљат сега?
Ни пепел,
ни снег,
ни деца имат.

Тро по тро
пуљам денот во спомени помина.
Опран од сеќавајна и носталгија,
влегвам во одата
кај собата на нафта.
Тука и веленцата седат.
И тамам да го фатам креветот,
са искезив ко зраклив
ко го видов шпељарето од Шведска шо ми беше
на наткасната остено.
Са оптегнав в кревет и
нешто ма жегна во плешката.
Чингелаќето заборено в постеља да ти било,
во к'лафот од јорганот.
Отворам очи.
Наместо да дремнам
Сум преспал.
Така наспан сфатив
дека ваков чуден сон
само дома са сонвит.
А само едно место е дома.
Ќејф е да преспиеш во Преспа.

П. С. Убеден сум дека мноштво зборови прв пат ќе ги сретнат и помладите генерации преспанци, а камо ли оние кои немале контакт со овој дијалект. Поради тоа се размислував дали треба да дадам тука и појаснување или не. Сепак ве оставам без превод и толкување на зборовите и изразите, бидејќи летово сум во Македонија, во Преспа. Чекам гости, и уз кафе стојам на располагање да покажам топоними, да преведам зборови на современ македонски јазик и да ги појаснам изразите употребени во расказот погоре.

Ваше е само да прочитате до крај, да ги запаметите непознатите зборови и да пиете кафе.

23 јуни 2014 - 00:38