Две работи објавени пред цел свет ми влегоа у око.
а) Fat-shaming.
б) Луѓето имаат предрасуди за мене затоа што сум преубава".
Добро бе, па. Па, гаси интернет више.
а)
Fat-shaming значи кога некоја мизерија што нема друга работа во животот ќе те сретне на улица и магично ќе осети потреба да те искара дека си здебелен. Врска нема дали ти имаш здравствен проблем, дали со години се мачиш со диети, и дали едноставно те заболе дека ете, си качил во килажа, па ќе те погледне од над своите подочњаци и недопраени зуби, и од длабочината на својата нереализираност ќе ти рече "Што си се здебелил, бе?"
Прво, тоа така не се прави. Ако правиш така си глуп и не ме занимаат твоите, често непостоечки достигнувања во животот поради кои си дозволуваш така да им се обраќаш на луѓето.
Ама луѓе, со оваа дефиниција завршува модерната кованица fat-shaming. Во една статија во Huffington Post, една глупа жена кажуе дека и многу други работи спаѓаат под "Брукање на дебели".
На пример, докторите ете, нонстоп ги брукале. Им викале да ослабат. Значи, ако доктор ти рече да ослабеш, фати се за работа. Не пукна докторот да се лигави по твоето затегнато тело против кое ти толку се бунтуваш. Он само гледа дека џигерот ќе го примрзи да работи више, а знаеш што се дешава кога џигерот ќе си рече "заеби, не играм више"?
Смрт.
После вика, "не е убаво на дебелите да им викате дека не се дебели, напротив, баш се убави, пошо и дебелото било убаво и тие две ствари не се исклучувале меѓусебно."
Прво, кај им текнуе.
Значи да внимаваме сега дали ќе им дадеме таков комплимент на луѓе со прекумерна тежина, без разлика што можеби нас ни е гајле за нивните вредности на вага.
"Не е убаво пред дебели да се фалите дека сте ослабнале.“
Овде више ми беше јасно дека некој седнал и све што го нервира у друштво го стаил под капата на fat-shaming.
Јас не се рачунам за слаба дефинитивно, и ќеиф ми е дека конечно на пиедестал се ставаат облини. Ама има да се бунтувам против време во кое секој може да биде ОД СВЕ навреден, па шо сака нека е.
б)
А сега "преубавата".
Во недостаток на Кардашијани, а веројатно свесни дека ќе има навала од ВТФ коментари, еден женски портал објавува статија од некоја девојка што се жали дека е преубава и поради тоа многу исфрустрирана од што не ја сфаќале озбилно и нонстоп ѝ се пуштале и мајстори ја довикувале од скеле.
Напорно било, сите ја гледале, па дури и сумњала у себе, да не и капнало нешто, да не и била сукњата прекратка.
Знае да биде напорно, не дека не, ама да се пожалиш со муабет сличен на „немам рука, нога, глава" дека си премногу убава, пред луѓе што често се премногу сиромашни, премногу грди, па и премногу болни и премногу мртви?
А што не проба да не се чупа, да не депилира бркови и нозе, на пример, да се облака у тренерки и да не мие коса? Да види како мајсторот одма ќе си брка работа на скеле.
Текстот е толку банален, што све ми се чини дека е малце измислен за кликови, ама дека постои таа ароганција – постои, па кај таквите предрасудата дека се без мозок малце и ко оправдана да искача...
Ботом лајн, да не се занесуваме дека некој ни должи разбирање за што и да е, само поради изборите кои ги правиме во животот. Ако некој ти вика дека си дебел/а, гони го у три лепе и бркај работа. Тоа што е сељак не е твој проблем.
А ако ти рече дека си убав/а... Тоа и не е најстрашната работа што ти се десила.
Јана