Ги гледам денес децава и морам да признаам нешто. Не трпат срања и не ебат жива сила. И добро е што не трпат. Затоа што некој мора да ја прекине оваа балканска традиција каде секоја генерација свечено им ги предава своите разочарувања на следната како семеен накит.
Викаат сите сме поминале низ транзиција. Да, тамам работа. Ако сите сме поминале низ транзиција, тогаш јас сум астронаут затоа што еднаш се качив на покрив да исчистам оџак, се качив за 10 минути се симињав 5 саати. Балканската транзиција не беше премин од еден систем во друг. Тоа беше долготраен експеримент во кој глувците и научниците беа истите луѓе.
Ни кажаа дека доаѓа ново време. Нов систем. Нова економија. Нова демократија. Сè ново. Само чудно како новите шефови имаа исти презимиња како старите шефови. Новите газди имаа исти телефонски броеви како старите газди. Новите елити некако магично се појавија токму во куќите каде што веќе имаше добар паркинг.
И го обожавам тој официјален Балкан. Тој од конференциите. Таму сите зборуваат за европски вредности, дигитална трансформација и младински политики. Звучи прекрасно. Како научна фантастика. Единствен проблем е што вистинскиот Балкан е на пет минути пешки од конференциската сала и изгледа како сосема друга планета.

Таму младинската политика завршува на автобуска станица. Дигиталната трансформација значи да испратиш CV по мејл наместо на хартија за да те одбијат побрзо. А европските вредности најчесто се сведуваат на вредноста на еврото во менувачница.
Миленијалците пораснаа слушајќи дека образованието е клучот за успех. Подоцна открија дека клучот отвора само една врата. Онаа на студентскиот кредит. Другите врати имаа поинаков систем. Врски. Кумови. Роднини. Партиски значки. Телефонски повици што почнуваат со реченицата: Имам едно дете....
И тогаш доаѓа големото магично откритие.
Децата на постсоцијалистичките елити не ја преживеаја транзицијата. Тие ја организираа. Додека обичниот човек учеше што значи приватизација, некој друг учеше што точно треба да приватизира. Додека едни броеја денови до плата, други броеја станови, фирми и плацеви кои мистериозно никогаш не можеа да се објаснат со таа плата, обично кога некој директор ќе откупеше општествена фирма причата беше дека имал чичко/вујко/тетка во германија која се му оставилна нему пошто немала деца...
Не бе, ова не е приказна за завист. Завист е кога комшијата има подобар ауто. Ова е приказна за систем во кој стартната линија е нацртана со молив за едни и со бетон за други.
На хартија сите почнуваат еднакво. На хартија и Северна Кореја има избори.
Затоа балканскиот миленијалец не живее само со проблеми. Тој живее со споредби. Секој ден гледа некој што наводно тргнал од исто место, а некако завршил три ката погоре уште пред да почне трката. По некое време не се нервираш. Тоа е најопасниот дел. Се навикнуваш. Почнуваш да ја прифаќаш апсурдноста како временска прогноза.
Покрај се тоа ќе чуеш дека со труд и ако навистина се сака, сè се може, изјавено од некоја татина ќерка за некоја веб страничка (да ми го бричиш со зелено џамче).
А потоа доаѓа емиграцијата. Најголемиот балкански референдум кој никогаш не бил распишан. Луѓето не заминуваат затоа што ја мразат земјата. Заминуваат затоа што им збоктисало да слушаат дека трпението е економска стратегија, им горчи кога ќе слушнат дека живеат во галопирачка економија.
И додека автобусите, возовите (кога се двиежа по пруги) и авионите се полнат, истите тие системи продолжуваат да продаваат надеж. Надеж, тоа ти е омилениот производ на секоја неспособна власт. Не кошта ништо за производство, а може да се продава со децении.
На крајот останува генерација која совршено научи три работи. Да се снаоѓа. Да не се чуди. И да не аплаудира прерано кога некој ќе објави дека конечно почнува нова ера.
Пошто овде секоја нова ера доаѓа во старо пакување.
И можда миленијалците не се изгубена генерација.
Можда се генерација која предолго стоела во театар каде претставата постојано се менува, актерите се исти, сценографијата се распаѓа, а од публиката упорно се бара да верува дека токму следниот чин ќе биде ремек дело.
Како нè поебаа све да им ебам.
