Љупчо Пецов – Ѓаволот беше обвинет во предметот „Синџир“, кој се однесува на финансиски криминал, даночни измами и даночно затајување.
Во предметот се опфатени 26 лица и 28 компании, а сомнежите се дека преку мрежа од фиктивни фактури со ДДВ бил оштетен државниот буџет за околу 8 милиони евра.
Откако ја признал вината, добил условна казна од две години затвор, 8.000 евра парична казна и десетгодишна забрана за управување со правни лица. Освен забраната да биде основач или управител на правно лице, Пецов во следните 10 години не смее ниту да управува или располага со неговиот имот.
Судот го одбил како неоснован посебниот предлог на Обвинителството за одземање 3 автомобили – „фолксваген голф VI GTI“, БМВ од 2018 година и „фолксваген голф“ од 2020 година.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.