Историските читанки велат дека на враќање кон Крушево, Никола Карев и неговата чета преноќиле во село Рајчани (помеѓу Кочани и Пробиштип), каде биле предадени и потоа опколени од турскиот аскер во месноста Свиланово каде што гине. Чичко Ангел од Рајчани додава месо во оваа приказна. Поточно, нема месо во приказната, тоа е и проблемот. Има една навредена жена, а тоа е сосема доволно човек да загине на 27 години.