Лакомите парајлии

Магазин решил да провери кој од американските милионери е најголем шупак за пари па на 60-тина такви им праќале чекови на безначајни суми. Во финалната рунда останале само двајца.

Се работи за магазинот Спај кој за да ја оствари оваа идеја креирале лажна но сосема легална компанија наречена National Refund Clearinghouse.

За почеток, на 58 познати парајлии им испратиле чекови на сума од еден долар и 11 центи, за да видат кој од нив ќе го наплати чекот. 26 го наплатиле, меѓу кои Доналд Трамп, Шер, Курт Вонегат. Не го наплатиле Били Џоел, Вуди Ален, Дастин Хофман и други.

Во втората рунда ја намалиле сумата на 0,64 долари кои ги пратиле за отштета на некоја "компјутерска грешка". Овојпат 13 лица го наплатиле чекот.

Во третата рунда чекот гласел на износ од само 13 центи. Само двајца не ги мрзело да ја наплатат оваа сума. Доналд Трамп и Аднан Кашоги, обата познати милијардери.

 

25 мај 2013 - 17:39