Кога новата доаѓа на врата

Почнуваме од  минус 17. Имаме 365 дена фора за да дојдеме до позитивна нула. Let's kick some ass.

Точно на полноќ, прецизна како комшија кој буши во недела, на врата ми зазвони таа. Знаев дека ќе дојде и знаев кој ѕвони, ама се одлучив на малку препич колку да поставам некакви базични правила на игра. Имам доста за барање од неа, па не сакам да ми се понашат ко да е Мик Џегер а јас Копакабана од сам старт. Отворив врата со увежбан полу-сонлив поднамрштен поглед. Пред мене исправена како Ајфел среде Париз стоеше убавица во сина светликава тоалета и сребрена бунда со шубара на глава.

„Не сум заинтересиран девојко, оди си."
„Еј, сељак! Хахаха..."
„И срамота е да одиш вака по куќи. Кој ве научил вака? Па во културен свет барем по излози стоите..."
„Хааа, добар си мали. Демек не знаеш која сум?"
„Не знам и не ме интересират. Плус, гарант кошташ повеќе од порано, сега со новиот персоналец за хонорарци. Колку е сега? 70 за пола саат?"
„2015-та година лично, мило ми е. Како бе Боби, како која сум?"
„А? Прв пат те гледам 2015-ко..." - извикувам со планиран шок и горка индолентност во гласот. „Него, кажи, што сакаш?"
„Сакам да ти дојдам."
„Е кој ти брани де? Нели дојде пред 20 секунди во наша временска зона? Или на англиски сакаш да ми дојдеш?" – посветено држам сељачки ритам, чисто да ѝ видам табиет и ДНК.
„Дојдов, ама ти си ми посебен, па сакав да ти дојдам дома за да ти кажам дека сакам да дојдам и за тебе."
„Ах, народних ми стихова! Ал си ми ти слаткоречива. Таква те сакам. Ајде будалче, ќе премрзнеш. Влези и седни. Треба да поразговараме и да се договориме неколку работи."

И ги побарав куферите да видам да не носи наркотици, па да одлепи во некој месец и да не знаеме што се случува. Ми рече: „Погледни ги, провери ги сите, освен март. Те молам не ми ѕиркај во март."

Јееееботе, пак ќе прави срања. „Ѓубре, тогаш ми е роденденот. И не само мојот. Ќе те сломам на престапна и непрестапна ако изводиш нешто. Сите календари ќе ги запалам уште на полугодие. Ќе горат многу фотошопирани цицки ради тебе, ќе можеш ли да живееш со тоа? "

„Не се секирај, за убаво е. И не ме прашувај повеќе ништо, каква охридска неваспитана сељачина си. Сипи по една, нели роденден ми е..."

Седнува на кауч 15-ката. Куферите нормално дека неам намера да ги ѕиркам, али добро ми е од довербата која ја има во мене. Гледам дека би сакала да е и обратно. Ѝ подавам ливче ко да ѝ подавам визит карта, а јас сум Марлон на кастинг за „Кум".

„Што е ова?" - подзбунето го зема со раката во која ја држи тенката цигара бидејќи другата ѝ е зафатена со чаша вино.

„Ајде, ајде. Те чекав, знаев дека ќе дојдеш. Братучетка ти 14-ка стварно ми исполни пар желби, али јер на нејзина смена ми се деси една мала катаклизма, знаев дека Стариот ќе те прати на кафе муабет да видиш како сум."
„Океј, така е. И, како си?"
„Ма читај слободно, не прашувај ме премногу. Ќе ме видиш, имаш 365 за мене. Нема потреба да стануваме преблиски, пошо ќе ми е фрка кога ќе заминеш. Лесно се врзувам со дегени, а ми делуваш на еден баш прекрасен ист таков."
„Добар си мали, како можеш да познаеш каква сум?"
„Си ја знам сортата. И прибери се, 12 минути си стара. Сум имал 28 ко тебе. Некоја подобра, некоја полоша, али ви го знам хороскопот и сите сокови кои ги имате. Ти спремив ливче ако сакаш да почнеме на фина нога. Напишано е за да можеш да препрочитуваш, на хартија е, а не на меил бидејќи сакам да имаме взаемна доверба. И плус не ти го знам мејлот, ама тоа сеа не е предмет на муабет. Шефот ионака знае сè. Ете, читај што барам јас од тебе"

„Што е ова? Пленум да продолжи да плени? Какви шифри ти се ова?"
„Значи 15-ка, не си во тек. Пленумци да ми ги чуваш, мазиш и пазиш бидејќи се 2 краци од Сонцето на знамето во моментов. Да ми останат млади и зелени и храбри и да не мрдаат од правото да се млади и зелени и храбри, пошо така се челичи дух на генерации, пошо така се прави држава. А не со лигавење и обезмуден апологетизам кој никако..."
„Боби бе, пополека, запишувам"
„Ок, ај вака, само запамти – да ми поведеш рачун за децата. Да им дојде пролет кога треба да има пролет и да дојде со кокичиња кои тие ќе ги полеваат."
„А рече дека можеш да одиш во непотребни дубини"
„Молам?"
„Ми збореле дека го дрвиш и не знаеш на кратко."
„Мене ми збореле дека не треба да троши човек повеќе од половина час на девојки во плави шљокици и сребрени бунди"
„Идиот"

„И јас тебе. Ајде, слушај – јас ќе ти дочитам:

Фамилијата без влакно, болдирано.
Ти кажав за фамилијата, нели?
Знаев дека ќе запомниш за фамилијата
Сите мои луѓе да се тамам, да легнуваат кога сакаат, да заспиваат кога инсистираат;
Марина да продолжи да ми пушта музика за мерачење;
Трендо да ме носи на фарбање куќа во Хрватска;
Трендо да ме носи на дебармаалски научно-наставни прошетки;
Трендо да ме носи на карате, ако случајно се запишам;
Пимен да продолжи да ми е брат и да ме носи во срце;
Пимен да продолжи да е светски мегацар;
Арсо да ме носи во Џубокс и да ме убедува дека сме во Балет;
Арсо да ме носи на Прл Џем и да ме убедува дека јас, Коче и Тања пееме подобро од Еди Ведер;
Јурук да ме носи ушка кај него на свадба;
Јурук да ме отпише од карате ако случајно се запишам;
Влатче да ме носи на столар за да ја освежиме кујната во редакција;
Да се освежуваме од кујната во редакција;
Коче да е сеприсутен сега, секогаш и во вечни векови;
Дарко да ја издаде двојката и Вевчани да добие струја за да не ја читаме под свеќи на промоција;
Меси да ми носи радост од слободни удари;
Јас да го носам Меси кај Чамо на сарма, па да посака да заигра за Македонија и да му кажеме: „Извини дечко, го имаме ние Абдурахими"
Таа да ми донесе еднаш кафе, јас неа стопати тост во кревет:
Да ме прашаш на крај за кафето:
Оние двајца да ја добијат кичмата која им треба;
Ване да клекне пред Елена;
Марко и Божо нека си одлучат сами;
Јовче да продолжи да го врамува најдоброто од нас;
Дуле да продолжи да ги прави најдобрите шпагети..."

„Боби бе! Убрзај, треба да одам за Лондон."

„Идемо радимо, уште малку. Значи, Ерзана да дојт и да се упознајт со фановите во Македонија;
Името да не го даваме, нормално;
Умот да не го даваме, многу понормално;
Олд Скул да ми го чува местото;
Не заборавај за кафето што ти реков;
Кој од умот се подизгубил, да го чукнеме по глава како што се поправа телевизор кога ќе се изгуби сликата;
Да пецаме риби со Трендо и Дежулио;
Пак да нè изненади снег бидејќи секој човек сака изненадувања;
Сакам многу нови премиери, ко и секој актер;
Помалку независни републики прогласени во шупи и шпајзови;
Добро здравје за Нимиц, ќе го носиме на душа човекот...;
Бетмен вс. Супермен да не биде толку лош што после него ќе сакам да гледам Тесна Кожа за да дојдам на себе;
Помалку контра-протестанти;
Помалку морони на радио;
Помалку морони на телевизија;
Помалку морони насекаде околу нас;
Помалку солзи во очите на драгите Турчинки кои гостуваат на нашите преубави тв канали;
Помалку копи/пејст на содржини од север со кои се распаѓаат на елементарни честици и зрачат радијација гореспомнатите преубави големи тв куќи;
Повеќе клавање голови на светско ракомет;
Повеќе неочекувани смс пораки: „Онака ми текна на тебе. Се заебавам. Те сакам. Ај на пиво“;
Повеќе нови бендови и нивни нови песни;
Помалку кавери на „Неко те има ночас“ - нормално дека ќе ја има кога само таа песна ја знаеш;
Повеќе клинци кои ќе свират Битлси од 7 години;
Повеќе професори кои ќе сакаат да ги научат малечките да размислуваат, а не да им се враќаат ноѕете кога одат на работа;
Повеќе домашни серии кои нема да личат на 256-тото продолжение на „Бољи Живот“;
Помалку домашни забавни емисии во кои хуморот би ги фрлил во депресија и Војче и Ранко Рангелов;
Повеќе домашни филмови од режисери со муда;
Шварценегер да го глуми Јане, Дени ДеВито да го глуми Гоце *(на Трендо е преубавата идеја), само сакам да засилам амплитуда на космичко влијание за нејзина реализација;
Разно: Има уште ама пошо брзаш ќе ти ги шибам на вајбер преку цела година;
Е сега.... нешто да не трееебаше да ме праааашаааш?“

„Добро, добро! Сфатив. Кафе, какво кафе, што кафе, зошто кафе, певај побрзо!"

„Сакам еднаш да и соблечам кошуља ко во најсељачки филм со Хју Грант и Џулија Робертс, кадар во темница, а јас со рацете и лизгам од раменици надолу сувишна ткаенина и ѝ дишам по врат, нежно љубејќи и ја секоја клетка. Таа замижува и воздивнува..."

„Боби, ја знам сцената. Сакаш Лондон влажна година да има?"

„Океј, мирна, сакав да ти појаснам дека од тебе барам баш во тој момент кога ќе сме јас и таа единствените луѓе на светот да не запукаш некој метеор на планетава или да не се отвори Земјата па вселенски брод да излезе и да нè прибира во Ноева арка за да нè сели некаде. Ако мора, нека е утредента, никако вечерта. Не си одам од тука без утринско кафе од неа. Разбрано?"

„Во ред дечко", рече петнаеска запишувајќи нешто во тефтерчето. Јиха, можно е да го спасив светот од метеор? Мислите ми ги пресече како невеста торта нејзиното прашање: „Список со желби примен. Нешто во своја одбрана?"

„Ништо ефикасно. Биди добра со мене, ќе бидам добар со тебе. Кога ќе е ладно, имаш греано вино. Кога ќе е пекол, ела лади се во цело Охридско. Лежалка имаш од мене, афкорс. На пролет и есен ќе те дишам ко да си печена пица. И кога ќе си при крај, ќе те држам за рака дури заминуваш. Нема да си сама во ниту една секунда. Па на 2016-та маста ќе ѝ ја вадам дека везе нема и дека твојот јануари на нејзиниот го јаде ко сарма во нула време. Даваш рака?"

„И време мали. Рака имаш, време ти треба повеќе. Чувај се за да те чувам. Пољубац."

Замина моментално, како прилив на блокирана сметка. „Не беше лошо", помислив, легнувајќи на каучот каде што седеше, сè уште осеќајќи ги трагите од нејзините минус седумнаесет со кои тргнуваме на први-први. Ја земав чашата од која пиеше вино и повлеков една голтка, прва во неа. „Почнуваме од -17. Има 365 за да дојдеме до позитивна нула. Let's kick some ass", си го доправив муабетот со себе, кликајќи плеј на винампот на случајна плејлиста, сакајќи да се изненадам од првата песна која ќе ја чујам во 2015-та. А таму ме чекаше ова:

Oh, well. 

Среќна нова другари.

Тука сум. Бидете наоколу.

betmenvelit@gmail.com / @BatmanSaysT на твитер

1 јануари 2015 - 19:43