Бордел за сите

Ученици на возраст од 13 до 15 години во една германска гимназија добиле задача да осмислат бордел. Не само како би изгледала таа јавна куќа и какви функционалности би требало да има, туку и да понудат решение за прашањето со каква понуда излегува на пазарот, за да можат луѓе од секакви сексуални преференци да бидат услужени и задоволени. 

„Кои сексуални преференци треба да бидат понудени и задоволени во собите?“

Ова е само едно од многуте прашања со кои требале да се справат учениците во гимназијата „Кардинал фон-Гален“ во Кевелаер, Германија.

Задачата била да се создаде „забава за сите“. Учениците на возраст од 13 до 15 години требало, освен за изгледот на борделот, да размислат и за „понудата“ како и за тоа какви профили на „професионалки/ци“ треба да работат таму и какви вештини треба да поседуваат за да можат сите можни луѓе да бидат задоволни и услужени. 

За еден германски медиум ученичка рекла дека е добро во училиштата да се учи за сексуалноста и за разновидноста но не и да се промовира професионализацијата со оглед на тоа што добар дел од девојките кои работат во бордели се во незавидна позиција. Со други зборови, на темата да ѝ се пристапи со критички однос кон стварноста а не како на пазарна техникалија во која најважна е понудата. 

Школото вели дека сакале да обработуваат теми кои младите можат да ги сретнат на социјалните медиуми а откако настанале контроверзите, професорите дополнително им ги објасниле мотивите на родителите.

31 мај 2026 - 11:20