Чевли, чевли, па цел свет

Нема понеграциозна сцена од жена што многу сака да се штикла, а не знае, па без да сака се подгрбавува, ги шири нозете на О давајќи притисок на надворешната страна на табаните и во најлошите случаи ги влече штиклите по земја создавајќи прилично непријатно штракање. Кога во цело неумеење облака и некои вакви чевли, тогаш драги мои купете семки и спремете се за сеир, забавата може да започне.

Модава оваа година не е сигурно од помош на оние кои и онака немаат никаков вкус ни за живот ни за чевли зашто наоколу има стварно секакви сваштарии. Толкава помпезност и агресија истовремено не се видело одамна. За да не измислувам листи на најлоши штикли евер, решив да останам ептен актуелна и да пукам високо. Ги избрав најапсурдните чевли кои се ин-стор годинава и за кои се потрeбни најмалку две-три македонски плати.

За да ве спремам на демократски грдотилук, почнувам од "најефтините". За Џефри Кембел би можела многу повеќе. Kопира без пардоn, но една фина кондура во неговите колекции до сега не се видела. Ако треба да се натпреваруваат овие две чевли за која е поружна цура, не знам која ќе победи. По прашање на цени, стартуваме со околу двеста евра.

Џефри Кембел

По логика од италијански, преводов на фирмава е "Краварот". Ако сакате еден пар индијанки од кај Краварот, бујрум.

 Ел Вакеро

Данците се уште не станале познати во чевларскa индустрија, се согласувате?

Камила Сковгаарт

Кој има храброст да си ја шета жена му вака, нека ми пише, следниот шопинг доброволно асистирам.

Дисквеард

Sаноти не е познат по трезвеност, а овие се верувајте прилично лајт за негов вкус. Не знам како се одржува рамнотежа, ама сигурно има некој трик. Седумсто банки за зебреста платформа.

Џузепе Sаноти

Еве и нешто нам познато. Тексашанки со ориентални детали.

Кобра Сосајати

Случајно се борат за кој е понеубав и случајно исто чинат: Долчини со остров- платформа и Камила Сковгаарт, добредојдовте во иднината.

Диего Долчини

Камила Сковгаарт

 

Да измиксаш шпиц, получизма, платформа и црвен лак треба да имаш многу храброст. За деталот ганс н роузис што викате? Ајмо, Сандерсон, ја за вакво нешто немам муда ни на сон.

Руперт Сандерсон

 

Дал е желка, дога, гуштер или не, не успеав да одгатнам. Пробајте вие. Прекорачивме три нули.

Алеин Куиличи

Oва не би го облекла ни бугарска фризерка. Се кладам. Уставри се повлекувам, не се кладам. Ова е баш за бугарска фризерка.

Казадеи

Колку тежи дрвово и дали е оревово или црешово, ако воопшто е дрво треба да ги распрашам по форуми оние кои успеале да дадат 1.468 евра за пар чевли.

Рути Дејвис

Не најдов ништо поскапо, а понепрактично. Би можеле да станат и фино оружје, за пу-пу, да не затреба.

Sаноти

Како што видовте парите вкусот не го купуваат. Трол обично купува тролски ствари. Мене, приватно, вака по улица невкусот на луѓето многу ме забававува кога е чип, а кога богат, уште повеќе. Уствари во вториов случај не ме забавувава толку многу, жал ми е. За сите тролови со пари кои немаат вкус и за сите нетролови без пари кои имаат вкус. 

Си ја потпирам главата на двете дланки и малку блеам во екран за да видам дали ќе ми падне и гледам се држи уште. Горе во ќош пишува нуланула и педесетичетири. На кичевски би рекла: "Шашма ми е умов". Ми се вртат цени, платформи и цвеќиња, нитни, боцки и штрасови. Насловов требаше да биде поинаков, ама му го позајмив штосот на татко ми, кој во изминативе дваесеттина години ми вика:

" Еееех, Емче, Емче, знаеш како рекол Наполеон?"

Јас, фино истренирана уште од мали нозе во изминативе дваесет години одговарам: "Пари, пари, па цел свет." Татко ми е многу задоволен од мојот одговор, а јас си се прашувам дали следниот пат ќе се сети дека веќе две децении ме прашува истото иако можам да ставам рака во оган дека нема. За случајно еден ден да не заборавам, го претворив во наслов.

До ден денес не сум сигурна дека ова е на Наполеон, ама нашиот муабет е таков, па немам намера да го расипувам со гуглање.

Останете ми штикли весели до следната Станица.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

11 ноември 2012 - 09:21