Ce продава!

Разголете нè, напрајте нè најдобри готвачки, супер мајки, насмеани домаќинки кои ги знаат сите тајни за чиста куќа, расоблечете нè и кога не е потребно, злоупотребете нè само за да продадете. И сфаќам дека тие работи доживуваат брилијантен успех. Мене одамна не ми се случило да видам реклама која не ги банализира жените.

Како сме прикажани во рекламите? Помислете. Најчесто нè има во две форми: едната е на супер мајка која расправа домашни работи и тука имаме цел спектар на реклами за детергенти, отстранувачи на флеки, готови јадења или прехрамбени продукти. А од друга страна сме на ачик, провокативни (или бизарни), разголени дури и кога треба да продадеме фрижидер. И најчесто со сексуални алузии.

 

Поретко нè има (во последно време) и во интелектуална форма. И во тој случај, без претерување, најчесто кадри во кои се спремаме за на работа. Ете ти ги сите оние за житарици, антипреспиранти или улошки. Не има во последно време и во оние на банките. Фамилија на која и е потребен кредит, лизинг и сè останато каде женската фигура има повеќе функција на гаранција отколку на било што останато.

Кога последен пат сте виделе некоја реклама која е различна, во која не сме прикажани банализирани и која ги крши рамките на очекуваното. Некоја реклама која ете, ја памтите. Не сакам да се збуните, не зборам дека не постојат добри реклами. И не викам дека нема креативни рекалми. Само ретко кога се наоѓа некоја која едноставно оди против очекувањата, против правилата, која дава некој друг аспект, која едноставно раскажува една поинаква приказна.

Нели ви се здосадени реклами кои се служат со доминантни модели, со фиксни точки, со слики кои се видени и превидени? Прекрасен фамилијарен пејсаж, сите насмеани, сите среќни, мајката најзгодна, таткото уште поубав, децата беспрекорни, доручекот готов и сите живееа среќно до крајот на животот. Доста е! Функционираат заради неподносливата употреба на стереотипи. Стереотипите за разликите меѓу половите не се новост, ама се чини дека не се излезени од мода.

Стереотипите на улога и на функција. И не викам да се удри со контра стереотипи, туку само мала промена на клима која би предизвикала љубопитност за реклама која би не насмеала и која не би ја заборавиле во следните пет минути. Еве на пример, оваа успеа да ми измами насмевка. Ако ништо друго.

Помислете на сите реклами во кои има мајчинска фигура. Најчесто е андер триесет, костенлива коса, згодна, не е никогаш уморна, не мрчи, не доаѓа натоварена со кеси од работа, сите кујни се слични и беспрекорни, а сите куќи имаат сите исто светло, изгледа дека во некои маала никогаш не врне дожд. Ете, и од овие ми е здосадено.

Телото. Од секогаш најранливата точка на медиумите. Океј, викаат дека таквите реклами "продаваат", ама и од нив, доста ни е. Сите реклами во кои сме разголени, во кои нешто даваме гратис, во кои се продаваме и се распродаваме и кои никогаш не се слика на комшиката од соседната врата. Телата кои се безобразно хомологирани. Што викате за реклама на долен веш без жена?

Секогаш премногу, секогаш претерано, секогаш со страв. Што викате за една отстапка без страв од вистината?

Или без страв од староста?

Дури понекогаш, доволно храбри за да си кажеш, "Абе ајде". Еве, овие би требало да рекламираат креми анти ејџ.

Нешто ново. Нешто што ќе не купи без да не исмее или насмее. И сексот најчесто или табу или тотално предвидливо и неинвентивно... сите рекалми за сладолед, на пример кои алудаираат на орален секс? И од нив е доста. И гледам и летово, последните сладоледи на Перуџина, тоа па тоа.

Да не ви здосадив? Можеби.

Се тешам само со фактот дека сепак, можеби на крајот ние избираме. Убави или по малку убави, во прв кадар на најголемите рекламни кампањи. Малку бизарни, распродадени или банални, сето тоа по наш избор. Зашто можеби ние сме единствен пат за промена во медиумскиот свет и можеби имаме мала мисија да го победиме овој феномен. Сепак, сè зависи од нас.

И да не се самосожалуваме.

Туку да реагираме.

Емили, од секаде.

еmabela@yahoo.com