Жан-Лук Пикар стигна до својот „final frontier“
29 октомври 2026
- Британскиот господин Патрик Стјуарт, најпознат по своите ролји во Star Treck и X-Men почина на 86 годишна возраст.
- Починал во својот дом во Лос Анџелес по „кратко и трогателно патување со деменција и Алцхајмерова болест“.
- „Засекогаш ќе го чуваме споменот на спокојната леснотија и замисленоста на неговото лице – траен потсетник на неговата невидлива грациозност“, стои во изјавата на неговата агентка за односи со јавноста.
- Стјуарт беше најпознат по својата улога во исклучително популарната научно-фантастична серија „Ѕвездени патеки: Следната генерација“која се прикажуваше од 1987 до 1994 година и ги следеше авантурите на екипажот на вселенскиот брод „Ентерпрајз“. Оваа франшиза изроди и неколку филмови.
- Вилијам Шетнер, кој беше главниот лик во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, го опиша како „пријател, колега и извонреден актер“ кој „внесуваше интелигенција, грациозност и длабоко чувство за хуманост во сè што правеше“.
- Кралицата Елизабета во 2010 година го прогласи за витез.
„Сер Петрик Стјуарт е вонредно шармантен човек. Вирално стана ова видео во кое тој, лежерно држејќи ја својата вереничка за нозе, и ги објаснува тајните на актерската техника која ја владеат само малкумина. Таканаречената четворна реакција. На човек кога ќе види добро женско“.
* Види во Не џабе е капетан на Ентерпрајз