Борец Жилче со честитки до Хари Кејн

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

По повод големиот успех на Harry Kane, од ФК Борец Жилче му испраќаме искрени честитки за освоената Златна топка!

По овој повод, сакаме да потсетиме на еден помалку познат момент од неговата кариера, кој се случи во периодот пред вештачката интелигенција да земе замав и да почне да ја менува реалноста каква што ја познаваме.

Имено, за време на опоравувањето од повреда, на враќање од с. Лешок на пат кон скопскиот аеродром, Хари Кејн застана во Жилче и лично се обрати до нашиот клуб со молба да му овозможиме да одработи лесен тренинг на игралиштето на ФК Борец.

Нашето раководство, воодушевено од укажаната доверба, веднаш му излезе во пресрет. Тренингот го одработи во целосна тајност, без присуство на публика и без непотребно привлекување внимание, со цел да се избегне гужва и да му се овозможи максимален мир во процесот на опоравување.

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Денес, кога Хари Кејн го достигна овој врв во својата кариера, ФК Борец Жилче со особена гордост се присетува на оваа средба и му посакува уште многу успеси, голови и признанија.

Се надеваме дека при следната посета ќе имаме можност повторно да се сретнеме, овојпат без брзање како минатиот пат и со повеќе време за дружење.

Честитки, Хари! Жилче не заборава!

Виа

28 октомври 2026 - 14:47