Таг: хари кејн

Како реагираше Сон кога дозна за Кејн?

Сон Хјунг Мин и Хари Кејн осум години беа нераздвоен тандем во Тотенхем. Погледнете ја оваа искрена, детска радост на Кореецот. Се радуваше за Златната топка на Кејн како за себе.

Борец Жилче со честитки до Хари Кејн

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Златната топка има примено и еден гол

Знаете ли друг напаѓач кој ја има освоено Златната топка, а истовремено има еднаш и брането и примено гол од слободен удар? Се сеќавате ли на мечот од ЛЕ меѓу Тотенхем и Астерас Триполис одигран во 2014-та? Хари Кејн застана да брани во 87-мата минута, откако Иго Љорис доби директен црвен картон после три извршени измени на тимот. Ама ништо страшно, Кејн на тој меч постигна хет-трик, а Тотенхем славеше со 5:1.

Хари Кејн - дефиниција за истрајност

Мораше да чека до 31 година да го крене првиот трофеј во својата кариера. Никогаш не престана да работи. Никогаш не престана да верува. Никогаш не се откажа.

Тотенхем со посвета за Златната топка: Наследство изградено во академијата на Спарси

Хари Кејн е прв стрелец во историјата на Тотенхем со 280 голови. Но, освен 13-те сезони во првиот тим, тој е и нивно дете кое пет години се калеше во академијата. Оттаму го направи најскапиот трансфер во историјата на Бундеслигата од 110 милиони евра.

Хари на афтер парти

Не знаеме дали е ова во МНТ, Колосеум или Метропол, ама битно Кејн продолжи во диско и ја крена чашката за живели. Или можеби во Хард Рок отишол после церемонијата на Златната топка.

Хари Кејн ја дочека Златната топка

Англискиот напаѓач и капитен на Баерн Минхен ја освои најпрестижната индивидуална фудбалска награда и стана прв Англичанец со ова признание по пауза од 25 години. Последен беше Мајкл Овен во 2001-ва.

Погубниот податок за нападот на Англија

Аргентина синоќа го заврши полуфиналето со 64% посед на топка и 15:5 во удари. Во второ полувреме тие бројки изгледаат вака: 73% посед и 13:4 во удари. И сега внимавајте. Кејн и Белингем, немале ниту еден допир со топка во противничкиот шеснаесетник. Зборуваме за носителите на пласманот на Англија во полуфинале.

Му се врати гласот на Хари

Со прополис одма е подруго :)

Руни, Ричардс и Харт урлаа во студио на интервјуто на Кејн

Хари беше хит со гласот после мечот со Мексико. Џо Харт: Така е кога имаме лидер кој дише со екипата во секоја минута. Вејн Руни: Најјакото интервју што сум го гледал.

Што е со приемов на Кејн, со ВИ да не е ова?

Хари Кејн на 32 години е во пикот на кариерата. 73 гола има сезонава за клуб и репрезентација. Страшна бројка. Втор стрелец е на Светсково со 6 гола, само еден зад Меси, Мбапе и Халанд. Погледнете го како ја запели после дегажман на Пикфорд преку цел терен. Луд е дечкото.

Приоритетен упат да му се даде на Хари за на Оториноларингологија

Најјакото интервју кое ќе го слушнете на Светсково. Рикаме на работа.

Супер Хари Кејн сам со пресврт ја носи Англија во осминафинале

Англија по исто сценарио како Бразил, избегна мундијалско фијаско. Конго го чуваше водството од 7 до 75 минута, а потоа на сцена стапи незапирливиот Кејн кој за 11 минути го реши противникот за конечни 2:1. На 5 јули играат против Мексико.

Хари, ти ли ова?

Можеби сте биле веќе задремани на фотеља, бидејќи ова беше во последните минути од мечот, некаде пред полноќ. Човекот кој игра во животна форма, ја имаше Гана во свои раце.

Не е нормален Хари, во Пирло знае да се претвори

31 настап во Бундеслига - 36 гола или 51 настап на сите натпреварувања - 61 гол. Неверојатно. А да се само головите. Погледнете до каде се враќа.

Роберт и Хари, тие се

Хари Кејн го стигна рекордот на Роберт Левандовски од 55 гола за Баерн Минхен во само една сезона. Легендата на Тотенхем со 280 погодоци, направи растур систем откако го облече дресот на германскиот гигант. Стигна до страни 140 гола во само три сезони или 44, 41 и 55, со шанса да се издвои сам на вечната листа со оглед на тоа што има уште три кола до крај.

Хари Кејн е институција

Ај што им донесе експлозија во напад со 44 гола во првата сезона, 41 во втората и 54 во третата која сè уште не е завршена, погледнете ја оваа негова борбеност. Вилијам Пачо го собори на земја и тоа се послужи и со рака, а овој не се пожали, туку ја загради топката ВО СЕДЕЧКА СОСТОЈБА, стана и ги направи мајмуни и него и Маркињос. Друг да беше ќе се виткаше на земја.

Вртелешка на Хари, им го испи мозокот на двајца

Гол машината Хари Кејн меле сезонава. На Аталанта синоќа им даде два комада, еден од пенал, еден од игра. Едноставно си поигра со двајцата чувари. Има 10 во ЛШ на 9 меча и 30 во Бундес на 25 средби. Страшен просек држи сезонава на сите натпреварувања од 47 гола на 39 меча. Синоќа стана и прв Англичанец со 50 гола во ЛШ.

Хари е немилосрден, двајца ги легна да пасат

Баерн Минхен сезонава се чини ќе се прошета до титулата. По 15 кола има 41 бод и е без пораз со 13 победи и 2 нерешени. Втора е Борусија со 32 бода, па следуваат Баер и Лајпциг со по 29. Кејн прави попара во напад. 19 гола има само во Бундес и вкупно 30 на 25 натпревари. Погледнете го како лесно ги реши двајцава во шеснаесетник.

А на Македонија и дале ли гол?

Налетавме на фото приказ, каде стојат по шест репрезентации, на кои четворицава господа им дале најмногу голови во кариерата. Во однос на шегата од насловот, само Кејн ја затресол мрежата на Македонија, два пати, а Левандовски и Роналдо играле по два пати, ама не биле стрелци. Ниту па Халанд, ама тој не ни играл против нас.

Фасцинантен податок за Модриќ откако игра за Милан

Ај за Хари Кејн оценката е очекувана, 23 гола има дадено до сега оваа сезона, исто и со следните тројца под него. Но на 40 години, во тешка лига каде многу се мисли на одбрана, да држиш ваква оценка, треба стварно да си феномен. Во топ 5 е дечкото. Капа доле мајсторе.

Статистиката на Халанд, Кејн и Мбапе во ЛШ

Напаѓачите на Сити, Баерн и Реал се гол машини кои газат сезонава. Норвежанецот и Франузинот имаат по 18 гола на сите натпреварувања, а Англичанецот 22. Интересен факт од ЛШ, каде имаат неколку идентични бројки, како на пример број на голови, а Халанд и Кејн дури и ист број на удари.

Голгетерскиот податок на Хари Кејн со кој не можат ни Меси и Роналдо

Далеку сме од средина на сезоната, а Хари Кејн веќе има фасцинантна бројка од 20 гола по само 12 одиграни натпревари сезонава. Никој не успеал да дојде толку брзо до таков учинок. На Роналдо му биле потребни 13 меча, а на Меси 17.

И во стручен штаб на Баерн се чудат на Кејн

Најнормална работа е кога Баерн Минхен победува, Хари Кејн да биде меѓу стрелците со минимум еден гол. И викендов стрелаше на гости против Ајнтрахт и сега на конто има 18 комада постигнати на само 10 меча. Рене Мариќ му е асистент на Компани. Погледнете му ја реакцијата.