Хари Кејн ја дочека Златната топка

Англискиот напаѓач и капитен на Баерн Минхен ја освои најпрестижната индивидуална фудбалска награда и стана прв Англичанец со ова признание по пауза од 25 години. Последен беше Мајкл Овен во 2001-ва.

Foto: EPA

Трката за „Златната топка“ за 2026 година беше прогласена за најнеизвесна во историјата на оваа награда.

Според изјавите на главниот уредник на „Франс фудбал“, Хари Кејн ја однесе победата пред Килијан Мбапе со најмала разлика во бодови откако се доделува ова признание.

Процесот на гласање се одвиваше според официјалниот систем каде што специјално жири составено од спортски новинари (по еден од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА) избираа по 10 фудбалери од потесниот список од 30 номинирани.

Секој новинар ги рангираше играчите по поени (од 15 за прво место, па надолу), а крајниот збир ја донесе тесната победа за Кејн

СТАТИСТИКАТА НА КЕЈН ЗА СЕЗОНАТА 2025/2026:

• Неверојатни 73 гола на 65 натпревари за клуб и репрезентацијата (со 8 асистенции), што претставува втор најдобар голгетерски ефект во една сезона во 21-виот век (зад рекордот на Лионел Меси од 82 гола).

• Учинок во Баерн Минхен (61 гол на 51 натпревар)

- Бундеслига: 36 гола на 31 натпревар (освоен трофеј за најдобар стрелец по трет пат по ред).
- Лига на шампиони: 14 гола на 13 натпревари (втор стрелец зад Мбапе).
- Германски Куп: 10 гола на 6 натпревари (вклучувајќи и хет-трик во големото финале против Штутгарт).
- Германски Суперкуп: 1 гол.
- Двојна круна: Бундеслига и Куп на Германија.
- Златна копачка

• Учинок за репрезентацијата на Англија: 12 гола, од кои 6 гола на Светското првенство во 2026 година, каде што ја предводеше Англија до бронзениот медал и стана најдобриот стрелец на Англија на Мундијалите на сите времиња.

27 октомври 2026 - 07:59