Од перспектива на странец (добронамерен црн Американец), не може да се слушне разлика меѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Па тестира како македонски реченици ѝ звучат на Бугарка и како таа би ги превела. Се разбира, разликите меѓу јазиците не се причина да не се разбереме. Не се разбираме зашто некој нејќе да ни се симне од врат и да нè тапани кој јазик го зборуваме.