Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Ова е заклучокот на Вистиномер:

Овде ја имате целата анализа.

А овде е објавата на извесен Звонко Димоски Понки од Прилеп (не се секирајте, веќе го имаат пријавено).

Туку, кога веќе „раскринкуваат“ тривијалности и баналности кои ги нашле на Фејсбук а со желба Вистиномер да станат регионална вистиномерна сила, им предлагаме да се зафатат со демонтажа на бројните тврдења на покојна Јованка Јолиќ. Нека реагираат храбро и одважно како што само тие знаат, пред Македонецот да поверува дека Илон Маск е од Република Српска.

Материјал имаат во: 
Замина кралицата на српската историја

29 октомври 2026 - 12:59