Во првите денови на 2026 година, српскиот небесен народ остана без својот неофицијален и паралелен биограф. Замина Јованка Јолиќ, матица на српските конспирации и завери чии толкувања на историјата и вистинската природа на нештата беа урнебесно креативни во својот стереотип дека сè на светов има српски корени. Нерешена ќе остане енигмата дали Јованка тоа озбилно го мислеше или само јако тролаше.