Студија од Јужна Кореја открива дека хартиените сламки всушност се полоши за планетата од пластичните, особено кога се следи нивниот комплетен животен циклус, од фабриката до депонијата.
Истражувањето доаѓа од Министерството за клима, енергија и животна средина на Јужна Кореја, кое анализираше четири вида сламки - хартија, пластика, биоразградлива пластика и продукт на база на шеќерна трска - во поглед на 16 еколошки категории.
Неочекувано, традиционалните пластични сламки покажале најмал еколошки отпечаток во 10 од 16-те категории, вклучувајќи ја токсичноста врз луѓето, честичките и целокупното влијание врз климатските промени.
Од друга страна, било откриено дека хартиените сламки создаваат над шест пати повеќе канцерогени материи од стандардната пластика, заедно со двојно поголемо влијание врз закиселувањето на животната средина.
Што се однесува до сламките „Bio-PE“ направени од обновливи извори како шеќерна трска - тие создаваат 16 пати поголем канцерогено влијание од стандардните пластични сламки, заедно со шест пати поголема штета од закиселувањето (метричката вредност што се користи за мерење на промените во пХ нивоата на океаните и почвата).

Не држи ни најголeмата предност која им се припишуваше на хартиените цевки - тоа што можат да се рециклираат.
Студијата откри дека поради тоа што тие најчесто се мали, рутински ја избегнуваат опремата за сортирање, што значи дека речиси ништо од тоа не се рециклира. Дополнително, нивните водоотпорни премази и индустриски лепила спречуваат лесно да се распаѓаат, трошат повеќе енергија за обработка и оставаат отворена можност микропластиката да заврши во рециклирана пулпа.
