- Владата на Еди Рама воведе парични казни до 500.000 леки (околу 5.500 евра) за луѓе што учествуваат на насилни протести во Албанија.
- Сумата е приближно шест просечни плати. Казната ќе важи за сите демонстранти, без оглед дали лично биле вклучени во насилства. Лица што го кријат идентитетот се соочуваат со казни од 10.000 до 100.000 леки.
- Албанци од мај демонстрираат во Тирана против проектот за изградба на комплекс со луксузни хотели во природен резерват. Во компанијата вклучена во проектот учествува и Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.
- Кон средината на октомври, протестите се проширија со студентски барања поврзани со корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостатокот на перспективи за младите.
- Во изминатите денови имаше и жестоки судири на демонстрантите со полицијата во Тирана.
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави субвенциите да се зголемат за 10 денари, за сметка на изоставувањето на зелената нафта. Значи, наместо досегашните 80 денари, да се плаќаат сувенции по 90 денари за килограм. Сѐ уште не се знае дали тоа ќе важи од оваа година.
- Од 10, веќе осум откупни фирми го преземаат родот по цена од 435 денари за килограм, што значи квалитетниот род се цени во прва класа.
- Се откупува во прва класа по 435 денари за килограм.
- Министерот за здравство, Сашо Клековски, деновиве кажа дека просечен пушал дава многу пари за цигари, но не спомна дека и пушачот и непушачот во земјава даваат пари за субвенционирање на 26.000 тони тутун, на колку што се проценува годинашнава реколта.
- Полска побарала од НАТО да разгледа можност за соборување на руски ракети во воздушниот простор на Украина, ако се утврди дека тие може да предизвикаат штета надвор од нејзината територија.
- Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски истакнал дека акциите за пресретнување би претставувале „легитимна самоодбрана“, ако бидат спроведувани по барање од Киев.
- Полска во изминатата недела пријави три инциденти во кои руски летала навлегле во нејзиниот воздушен простор.
- Министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш оцени дека меѓу сојузниците нема решителност да го одобрат овој чекор, кој би можел да го вовлече НАТО во војна со Русија.
- Тој истакна дека полските пилоти веќе имаат наредба да дејствуваат против ракети и беспилотни летала што го нарушуваат полскиот воздушен простор, но додава: „Ние не сме во војна со Русија“.