За македонските модни блогови

Не се сите за сè

Тоа што си гурман, не прави од тебе автоматски добар кувар.

Вебов врие од девојки кои сакаат мода, оние кои мислат дека многу се разбираат од мода или оние кои мислат дека имаат нешто интересно да споделат. И во меѓувреме, бројот на модните блогови расте секојдневно и веројатно од време на време кога се наоѓате да пливате помеѓу катаљарда блогови, не знаете дали е веродостоен и дали може да му верувате и до каде може да му верувате? Јас многу често, кога се работи за аутфит блогови, главно се прашувам дали на дотичната нема никој близок за да и каже дека можда треба да се проба во нешто друго?

Денес зборам конкретно за блогови во кои девојки постираат свои аутфити. И овие се делат на неколку категории:

Првата категорија се оние кои се страствено заљубени, вистински зависнички, оние кои можат да си дозволат да блогираат на висока нога. И ова се оние кои најчесто успеваат да се искачат најгоре.

После оваа, следи категоријата не оние кои сакаат да блогираат, имаат вкус, но не блогираат (намерно или немајќи можност) на висока нога. Често се најкреативни, алтернативни, недосадни и приземјени во изборот и се огледало на онаа улична, урбана мода која сме-ние. Сите ние. Се разбираат доволно од мода, но тоа не им е опсесија. Овие блогираат со душа, без категорична желба да бидат он д топ.

Третата категорија се сите оние кои не треба да имаат блогови. Не се вреѓајте, ако се најдете меѓу нив, не ми е целта ниту некого да ругам, ниту пак да тролам. Можете да го сфатите како конструктивна критика, не на некој кој треба да ве учи како треба, туку на некој кој многу ужива да се губи низ световите на други девојки кои блогираат, па можам да ви гарантирам дека вака, нема да стигнете нигде. Баш зашто конкуренцијата е голема и зашто едноставно не се сите за све.

Заради естетиката која модата ја бара и зашто сепак, да не заборавиме, модата е вид на уметност, еден моден блог треба да следи неколку, по мое кардинални принципи.

- Креативен темплејт. Окото си го бара своето, секогаш.

- Фотографија, а не инстаграм пикс. Висококвалитента фотографија со соодветна димензија. Добро избрана локација, зашто верувајте, нема ништо полошо од тоа да избереш шахта како место за сликање. И не викам дека треба да одиш и да сликаш на Шанзелизе, али не на шахта драга. Тоа не. Исто, плочките од пред влез можеш да ги замениш со нешто поинтересно.

- Да понудиш некаков новитетет или креативна (алтернативна или оргинална) идеја, а не да си се облечеш ко за до продавница и успат да си се сликаш кај што ќе стигнеш.

- Да и дадеш ТВОЈА причина на публиката за да те следи. Да најдеш во модата нешто во кое се изразуваш подобро од другите. Да си ја најдеш најјакта старана и од неа да направиш нешто убаво.

Девојкава на пример имаше некој пост со гламур не-знам-што. Испуштив нешто или некој нек ми каже дефиниција за гламур?

- Оној кој блогира треба да биде негуван, а ова не е моја гледна точка. Туку е минималнец ако сакаш да успееш во она што го правиш. И не викам дека која не е метро и осумдесет, 60-90-60 со долга коса и блесакава насмевка не треба да има моден блог. Туку не можеш ни со пунџа за миење чинии, дамусеневиди:

Треба да има вкус и да се разбира во она што решил да го пишува. И пауза. Не викам дека треба да биде дипломец по моден дизајн, ниту пак дека треба да биде моден новинар. Точно е дека блогер може да биде секој и веројатно е вистинито дека во секој од нас има по некој блогер. За по нешто. Но, нема да се уморам. Не се сите за све. Тоа што сум гурман, на пример, од мене не прави добар кувар. И ова не остава никаков простор за лоша интерпретација. Тоа е тоа. Ако си гурман имаш предиспозиции да станеш добар во нешто зашто уживаш во крајниот резултат. Но, не автоматски. Страста за нешто не ве прави добри во тоа. За сè е потребно време, работа, посветеност. И модниот блог, од сите овие естетски причини, бара можеби и повеќе работа од други типови на блогови.

Тука на пример, каде е модниот детал? Што има тука посебно за да ти да решиш го стаиш на веб?

И на крајот многу ми е драго што барајќи низ македонските модни блогови, наидов на СУПЕР блогови. Блогови за кои се гледа дека има работа во позадина. Блогови работени со вистинска страст, без претензии и без ароганција од типот: "Сега јас ќе ви кажам што е во мода"

Зашто најубавото од нас не излага кога ги следиме без усул трендовите од списанијата, туку кога ги реинтерпретираме. Кога модата ја адаптираме на себе. На местото во кое живееме, на животот кој го водиме. Кога модата ја персонализираме и си ги знаеме границите. Она што ни стои и она што не ни стои баш-баш. И сето тоа да скроиме најдобро што можеме, почитувајќи ги законите на убавото, контурите на финото и добро изработеното. Пошто и матна фотографија на моден блог, не е у реду.

Само вака, блогот може да има нешто што останатите немаат. Во спротивен случај, судбината ќе му биде да заврши заедно со илјадниците блогови кои никогаш нема да доживеат успех и ќе биде ништо друго освен електронски дневник со кој ќе им раскажувате на другарките како сте се облекле за у петок за во град. А тоа, нас останатите нема да ни биде воопшто важно.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

21 април 2013 - 10:54