Ако земеме условно дека лагата не е фина женска и дека човек не треба да лаже, треба условно да помислиме што би се случило ако не лажеме. Никогаш, во ниедна прилика, пред никого за ништо на светов. Три мали сценарија.
1) Прашање кое не бара голема прецизна вистина:
- Како изгледам?
- Одговор: "Супер си.
Читај помеѓу редови: пудрата си ја ставила и ти се гледа цела линија, можда си ги утнала штиклите, можда си заборавила да го спариш градникот со гаќите, имаш преместруална акна и си малку подуена.
Меѓу нас: Убаво ли ќе ти беше некој вака фино да ти одговори на твоето банално прашање?
Вистина: Немаше.
Заклучок: Фино што те излажал.
2) Прашање чиј одговор е подобро добро да го исфилтрираш.
Татко ти во девет сабајле те прашува кај спиеше. Ти му викаш: "Кај Сандра." На татко ти му одговара да не прашува многу многу, а и тебе исто зашто да важеше правилото за нелажење, одговорот ќе имаше друг тек, да речеме: "Бев во диско, се опив ко кретен, се бацив со еден дечко, после излеговме од диско, после влеговме во кола, во кола се..." Три точки кои важат како точка пошто од цела вистина на татко ти може да му се случи колапс.
3) Лажи без да трепнеш.
- Каков ти беше сексот со твојот бивши?
- Не беше ништо посебно. Никој не е како тебе.
Лажи до јаја, без да трепнеш, без да се поколебаш, лажи до толку што кога ќе го одговориш излажаното, и ти да се помислиш дали уствари не ја кажуваш вистината.
Која жена барем еднаш вака не подизлажала или скроз излажала е девица. Кој маж би сакал да ја чуе целата голема и неприкосновена вистина, треба да биде спремен да си ја заебе самодовербата и сексуалниот перформанс на неодредено време. Дека кажувањето на вистината има секогаш апсолутна вредност, тоа не е вистина. Помислете само на еден куп небитни работи кои не ги докажувате до крај, ги превртувате, мазните или апла ги изопачувате. По дефиниција, или по правило на негација, сè што не вистина е лага. Помеѓу, се нијанси на лага.
На крајот на денот, сепак останува крајниот производ. Мислете само на лагите кои спасуваат пријателства, бракови, животи, мислете само на лекарските фризирања на големите вистини.
Ако земете глупи статии пд типот " 50 нешта што можеби не сте ги знаеле" ќе најдете статистики од типот дека човек дневно, во просек лаже по дваесет пати. Така кога човек треба да отвори уста, да си се праша, дали вистината ќе донесе некому некој плус, дали ако се каже сè онака како што е, резултатот ќе биде со позитивен знак напред или нема. Дали секогаш вреди да се изговори вистината само затоа што е вистина?
И пак, помислете колку би бил животот првично забавен, а потоа сосема мизерен ако секоја мисла се претвора во глас. Ако си правиме што-на-ум-то-на-друм, ќе бевме стварно посреќни? Јас викам не. Ако мене носот ми порасне, а тебе пенисот ти е поголем од што ти е, јас сум дека сите ќе спиеме повесели.
Во цела оваа бркотница, да не заборавам да го подвлечам со црвено она моено од погоре "Никој не е како тебе". Видете, и ова некогаш со некого ќе биде апсолутна вистина.
А тогаш, уживајте.
Емили