Инептократија

Ајде да замислиме дека не е ова држава. Ова е куќа. Голема куќа, што бара многу одржавање, ама ти можеш да си го дозволиш тоа. Си ја добил во наследство, има многу убав двор, фалат некои поправки, по некој мајстор да дојде да закрпи нешто, али генерално функционира.

А ти со пари. И вработуваш, градинар, готвач, куќна помошничка, гувернанта за деца, обезбедување, све што треба. Им кажуваш како сакаш да биде. Сакаш секој ден да има спремно доручек, ручек и вечера, алишта испеглани, двор среден, деца воспитани. И даваш одлични пари за тоа, па рачунаш дека ќе биде така.

И се фаќаат твоите вработени за работа, а ти се фокусираш на твоите ствари.

Првата недела сите се со залет. Фрчат италијански и француски специјалитети, плочки светат, плакари наредени, деца читаат Пруст, дворот како од списание. И си викаш па супер, ова фино ќе иде.

Куварот ти вика, „утре сакате шпагети или пилешко?“ Ти му викаш пилешко. Отвараш Weather app и гледаш дека ќе врне снег. Му дофрлаш на градинарот, да знае дека треба да чисти снег за некој ден. Се фаќаш за една квака, гледаш малце прашина, па си викаш, ај утре ќе забришат.

Си легнуваш. Утредента стануваш и уште има прашина на вратата. Се спремаш за на работа, и фаќаш неиспеглана кошула. Ај, можеш сам да ја запеглаш де... Иако ПЛАЌАШ луѓе за тоа. Искачаш надвор, и на пат до кола паѓаш опасно на гз, затоа што ноќеска врнело, сабајле се потстопило, па замрзнало, а некој што го ПЛАЌАШ требало да исчисти.

Ај добро.

Одиш на работа, се враќаш. Ручек.

Шпагети.

Ама ти рече не шпагети. Ама куварот ти вика дека шпагетите се многу добри за твоето здравје, и глеј уште става да се варат. И ти му викаш нејќам шпагети, не ти давам пари да купуеш шпагети и да ми вариш шпагети. Ама он ти вика дека шпагети е многу јако и ти прави уште. Проаѓа градинарот. Му викаш зашто не исчисти стаза у двор, да морам да се кршам, коа ти давам пари за тоа? Он ќути. Ти пак му викаш, ало, тебе ти зборам, зашо не исчисти. Надвор слушаш трескање. Оно, гостите од Велес што ти доаѓаат - попаѓани по двор на замрзнато, кој со скршен колк, кој со исчашена рака. Ти му викаш гледаш ли што се деси сега, а он: а бе не знаеш колку чистев сабајле, не се дочистуе. Ама 20 сантима снег се бе. Он ти вика, а бе и роднини викнав, тоа е.

А бе, не работите за беспари, ама ајде. Идеш да видиш што ти праат децата. Они легнати по патос, читаат „Хари Потер и лов на дечије душе“. На гувернантата седната на Фејсбук и викаш, зашто не читаат нормален Хари Потер, него глупости Хари Потер у издание на Светигора? Она вика тоа е моментално најбоље за твоите деца, ти врска немаш, она најбоље знае.

Едното дете вика, „стварно, и јас би сакал да читам обичен Хари Потер. Премногу долго читав Пруст, за сега да читам дека Хари Потер е демон на метла.“ А другото дете му се врти и му вика, „на кого бе ти прост?!“

Вилица до земја. Едно дете отиде. Жено, ЗИМАШ ПАРИ за да ги учиш децата нормални работи и активности. Како оној што зима пари, а ги дава на чкљ шпагети, а оној зима пари за двор, а надвор има број на повреди како од бојно поле. Она не одвојува поглед од Фејсбук. Се фаќаш за глава, идеш у спална да се пресоблечеш. На кревет фрлена цела гардероба, прљава, згужвана, гадна. Викаш по куќната помошничка. Прашуваш зошто. Она вика дека има други приоритети, како на пример да избрише прашина од телевизорот. Фрлаш поглед кон телевизорот, прашина неизбришана.

Прашалници.

Не знаејќи што да запраиш, знаејќи дека ако ги смениш, они пак ќе ти земат пари дур да искочат од кај ТЕБЕ ДОМА, погледнуваш низ прозор. Доле у двор, градинарот мести фонтана со статуа.

Те фаќа паника и трчаш по скали надоле. Пред врата се сопнуваш на тепих, го дигаш да видиш што е работата, оно дупка под него. Прво од кај искочи тепихот? Чистачката ти вика дека тоа е еден многу јак персиски тепих, она овој месец ти извадила малце поише пари од сметка, па го купила, ете, од неа. А да ти текнеше, викаш, да извадиш пари и да најдеш човек да ја покрие дупката?

Ама види што е убав тепихот, вика она.

На праг на избезумување, ти текнува дека надвор нешто се гради, па брзаш да го спречиш градинарот затоа што тоа што го виде од прозор е толку грдо и глупо, што не смееш да дозволиш да ти биде у двор.

Искачаш, пак паѓаш, гостите од Велес уште лежат заглавени у снег, и го начекуваш како го става последниот златен украс на фонтаната.

Шо праиш бе, будало, му викаш, кој ти кажа да го ставаш тоа? Он ти вика, а бе од мене, бе газда. Ја частам. И ти му викаш, како бе частиш ти кога ја ти давам пари, он ти вика а бе ако е од твои пари, ја да частам, да ти биде убаво.

Па не ми е убаво.

Убаво ти е.

И му викаш слушај. И слушајте и ти со тепихот, и ти со глупите книги и ти со шпагетите. Ќе ве избркам сите ако не почнете да се понашате како што сум рекол. Ја давам пари, ја кажуем како ќе биде.

Они сите дремат пред тебе и не си идат. И се гледаат меѓу себе и викаат види шо збори еј. Ама ние за твое добро. Да не сме ние, коа ќе ти влезе комшијата, све ќе ти земе.

И ти пука филм и им викаш ај идете си.

Они ти се смешкаат.

Идете си, ќе ви викнам обезбедување. И доаѓа обезбедувањето. И ти му викаш, ајде да ги испратиш, ќе морам да најдам нова ПОСЛУГА.

И обезбедувањето застанува пред нив и вика не може.

И така си седиш, кај тебе дома, децата све поглупи, куќата све погадна, шпагетите (на кои што више се навикна) све по преварени.

И упорно работиш и двоиш од плата за нив.

Е, до толку е едноставно.

Јана

* Инептократија (именка) систем на владеење во кој најнеспособните ги бираат најнеспособните, и каде членовите на општеството кои имаат најмали шанси да се издржуваат или да успеат се наградувани со добра и услуги платени од конфискуваните производи на сè помалиот број на производители.

10 јануари 2017 - 18:15