Како за крај на 2015,

Овај башча е на скопски напишана

Чек барем овде у увод на статију, да си напишу нешто на кумановски, пошто ме мерак. Од радост такој к'д пишују на кумановски, низ ногавице ми тече, пошто у мои текстови нема ништо сечено и лепено, још мање монтирано. Све што е било и ќе биде напишано е искрено и само искрено. Јес да е и комуњарски, ама па, и такво нешто мора да има.  Живео Друг Тито и комунистичка партија. 

1:21

Треба да пишувам бавча, а мене не ми чуе. А морам. Mорам да напишам нешто пошто му ветив на шефот дека ќе го дрвам на некоја од темиве што ме мачат бетер од тоа дали ќе се спроведе Договорот од Пржино.

Седејќи на маса у дневна на која дечиштава дома заебаа полуиспиен јогурт, отворен Хајнц кечап и трошки од топли кроасани кои не се доволно добри ако не тече вештачки патлиџан ко да имаат добиено, се фатив у замка како едноствано за ништо не ми чуе, бе. Ама, апсолутаменте. Грујо уште не ја пушти у употреба ганџава, а ја ко нафурана милфица, све ми e равно до Косово. Парново го угасија у десет, мрзне у стан дома, надвор загадено, ја неам пари да купам греалка, струја да плаќам додатно па ич, и мрзни се Сандра, и онака ќе цркнеш пре или касније. Да се биде скопјанка е голема работа, затоа ќути и пуши Бенстон од 57 денара.

Не, озбилно. Но сикирики.

Што кој ѓавол да се пристресуеш, кога дечурланава си тера и онака по свое, ја тука нешто пена на уста немој вака, немој онака, и на крајот од денот испаѓа дека они не само што не ме есапат, ама и добро утро дома го заменија со "мамо, не замарај". У реду е децо, кој ве шмиргла. Драпајте си мео, и така и така од државиштево - свирка не биднуе.

А искрено, нит од мене, фала курцу, не бидна нешто посебно у 2015, а 16 веќе чука на врата, ќе ги скрши колку е блиску фештава свадбарска.

Свадбарска - несвадбарска, ја пари неам за дочек за на страна, муж да ме земе под рака дам бетер, неам картички некој да ги пуни - ја да празнам, и ете ти решена равенка со две непознати. Ќе си идам на Табановце, таму барем има кој да ми се радува, пошто оној ден сфатив колку овде кај што плаќам данок ме сметаат за обичен клошар, откако двете сметки у банка ми ги блокираа лоповиве, и тоа по грешка.

Ме блокираа, и јас фино лепо завршив ко најебан клошар, пошто на онаа што седи у општинскиве топли канцеларии, тој печат отпозади дека некоја недвижнина била продадена не и значи ништо, па морало да идеш и све да откажеш, и не дај Боже да не напраиш така, ај блок, бетер од оној на Фејсбук добиваш. Немаш пари леб да јадеш? Па што? Умри бе, где је печат, нема кој да гледа у администрацијава презафатена. Едношалтерски финти, курови карики.

Ме блокираа, ме ебаваа по ходници, ме пустеа, народ ме зеза што кукам, а јас најсериозно, дента кога ми кажаа дека ќе ми ја тргнат блокадата после скоро шест дена работни, отидов у банка и со насолзени очи извадив два денара од џеб, што е рамно на еден клошарски живот непоштено доделен ја да го живеам. Со два денара ме оставија, па среќа мајки шајки пари извадија, па ме спасија при свои пари за леб да не умрам.

Ете од тие разлози сакам веќе во оваа творевина да не се нервирам за ништо повеќе. Бил поштен или криминалец, на исто се сведува, го јадеш и вака и онака.

За крај на моиве писанија за оваа лето господово, да си кажам и тоа дека 2015 за мене беше тешка година.

Градот во мај ми го запалија. Ми го изгореа чувството на сигурност. Се поиграа. После и бегалци ни дојдоа. Мене сметки ми блокираа. Почина тетка ми. Во УН не ме примија на работа. Со новинарството се мачам ко на стол породилен близнаци од по пет кила тешки да пораѓам. Пиши не пиши, на народ не се удоволува. Партииве све незадоволни. Дома моиве со дрва и камења зашто одбрав тоа да го работам. Децава ме нервираат. Мажи саглам за брак нема. Све нешто ко од мочка праено. Све кукавици со страв од нови почетоци. Сите би да дупат - на никој брак у матично да не му влегува.

Тоа што теши за 2015 е успешната акција за Ива наша почината. За смирување на нејзините коски така што сите по нешто дадовме, мајка заулавена со братче и сестриче што од глад спасивме. Фала ви добри луѓе и народе. Фала ви што помогнавте, фала ви што ме читавте.

Фала ви што веруeвте у мене.

Нека ви е Среќна Новата година, и ич да не ви чуе. Секогаш после 31 декември, 1 јануари доаѓа.

Сандра

2:45

Ми текна да допишам. 

Абе, а промоцијата на бавчите?

А зашто не си гу напиша башчу на кумановски, ебем ти ов'ј скопски, читај, читај, не бе, не е тој  - тој. Пу, Сандра, три саат бидна, ега се оправиш у животу.

Ега.

3:03

Мамо, што дремеш још на компјутер?

Иди бре жено, легињњњњњњњ... трас врата од дечију собу.

 

 

24 декември 2015 - 02:57