Кафански навики во добата на Инстаграмот

Ресторан во Њујорк почнал сè почесто да добива поплаки за услугата и брзината со која се носи храната. Решиле да стават видео камери и да ја снимат ситуацијата. За среќа, видео снимки имале и од пред 10 години па можеле да споредат.

Поплаките доаѓале преку онлајн рецензии на ресторанот, што непријатно ги изненадило сопствениците бидејќи држеле до квалитетот на услугата за што и вработиле дополнителен персонал.

По снимањето на вообичаниот ден во ресторанот и споредување со старите снимки од 2004-та, дошле до овие сознанија.  

2004: Од 45 сместени гости, тројца побарале да седат на друга маса.

2014: Од 45 сместени гости, 18 побарале да бидат преместени.

2004: На гостин му биле потребни просечно 8 минути пред да го затвори менито и да знае што ќе нарача,

2014:
Пред воопшто да го отворат менито, добар дел од гостите ваделе телефони и се знимавале со нив, некои фаќале фотографии, некои барале пасворд и друга помош поврзана со вифито. Кога келнер ќе прашал што ќе нарачаат, побарале "уште малку време". Од седнување до нарачка во просек минувала 21 минута.

2004: Мезето се носело во просек за 6 минути. Од 45 гости, двајца го враќале мезето.

2014: Мезето се носи во просек за 6 минути. 26 од 45 гости прво го сликале, просечно по три минути. 14 од 45 гости се сликале меѓусебе како ја пробуваат храната. Деветмина ја вратиле храната да се догрее. 

2004: Откако гостите завршуваат со јадење, се бара сметка, се плаќа и се станува за 5 минути. Просечно време од почеток до крај, еден час и пет минути.

2014: 27 од 45 муштерии барале од келнерот да ги слика заедно. 14 не биле задоволни од првата фотка па побарале уште еднаш. По јадењето, во просек вртеле на телефони уште 20 минути. Проверка на сметката траела 15 минути. Просечно време од седнување до станување: 1 час и 55 минути. 8 од 45 муштерии се мавале во друг човек додека текстирале на излегување од ресторанот.

После споредувањето на видео снимките, ресторанот пуштил оглас:

Ние сме благодарни за сите што доаѓаат во нашиот ресторан, бидејќи знаеме дека луѓето имаат голем избор. Но, можете ли малку да имате усул?

* Ако целата приказна ви личи малку на фејк, во право сте. Ама тоа што е фејк, не значи дека не е вистинита.

14 јули 2014 - 14:03