Дали сме Борат или не? Антички не сме сигурно, или комунистите не лажеле дека сме Словени?
Во ова земја на прекрасни миксови од култури, како странски-така и домашни (млад кромид, патлиџан, грав, ориз и сл.) стварно може да се јаде прекрасно (како храна-така и срања) со трпезата распослана ко за ВеликДен, Курбан, Бар Мицбах, Сатански свет празник или било кој, како милувате, и на неа се од рани култури па до доцни.
Пролет е убаво време да се војува. Така мислел и Хитлер, па и Наполеон, ама ги заебала Руската Зима.
Кај нас веќе се фаќаат пунктовите по критичните точки. Се вадат ловџиските пушки и старите УЧК амблеми, по маалските гулабарници се шпекулира и типува кој, кого и каде.
Ја праам македонски рап од кога ми текнува дека праам нешто во животот, освен читање книги, флипери и повремените иницијации за стануење Нунџа - со поминување на тунелот од првиот Мост (кај улазот на парк,после золошката , одма до игралиштето што гледа на Луна Парк де!) па се до другиот крај, и играње на мали голчиња во градинката, а подоцна Америчка Амбасада во Карпош.
Имаше убаво дрво таму... слатка, дива маслинка, а одма до неа, грмушка со портокалова муниција, за во цевка од антена.
Кој ќе се замара со праење нешто друго...20 години музика во Македонија, на македонски јазик (скопски дијалект) и све да ми отиде у курац, пошто некој ретард не ги разбира правилата на јавниот транспорт и нема социјални вештини!? Сакам бре, да се замарам со тоа како ке си поминам у Полска на Европско, како ќе си ја средуем градината, па ке си подесам скара, па како мојот најпродаван нов албум (у април излага) ќе ме однесе на платен одмор од фирма на Малдиви, каде ќе го слушам албумот на Римиски Масив и лежеечки на висалка (виси, а на неа се лежи?) пишувам текстови за делфини, бранови, коктели и сл.
2012 ќе отишло све у пизду, според Маите.
Така да бркај си работа дур моеш, батали војна, ќе те фати зима, и тогаш ќе те удри огномет додека лежиш во некој ров во Чучер Сандево - кретену милитаристички / турскосеријашки! На Елементал си поминав супер, и дури имаше народ фул + мал број што не успеале да влезат на Аца "расположени" луѓе.
ПС:
Имморталс е најдебилниот,ала Power Rangers филм што сум го гледал!!!
Кога сме кај филмови, ова се плакати од Полска, а се за странски филмови. Лудите Пољаци си нацртале свои!!!
ПМС:
Возачите од ЈСП ама стварно понекад си го бараат... на пр.
Чекаш на автобуска во 3 и 50 сабајле автобус... и кретенот (автобус 57 на 22 март сабајле) вози ко у ГрандТуризмо и не те перцепира 2 посто, после крив бил ѓеврекот!