Таг: Евровизија

Евровизиската песна за Едгар Алан По

Не дека Евровизија нешто посебно нè интересира, но понекогаш (како лани со Констракта) искрснува по некој интересен изведувач или песна. Во случајов е второто, приказна инспирирана од дух на славен писател.

Голман од Белгија ќе пее на Евровизија

Жереми Макиесе има 21 година. Победил на Гласот на Белгија 2021 и ќе ја претставува оваа земја на Евровизија следната 2022-ра година. Макиесе е роден во Антверпен од конгоански родители. Покрај студиите на геологија, тој е и професионален голман а пред неколку дена потпишал договор со второлигашот Ексцелзиор Виртон.

Исланд на Евровизија пратија „Лорди на стероиди“

Се викаат Хатари, песната им се вика вака: „HATRIÐ MUN SIGRA“

Евровизиски гатања 2019-та

Во најамбициозното и најхраброто од досегашните предвидувања на исходот на Евровизија ги имаме првите три места во крајниот исход, и еден голем бонус заради кој моравме исходот денес да го објавиме а не да чекаме до петок.

Одиме, Евровизија 2018 за сите пари

Првото полувреме годинава човекот го фати со 13 погодени Оскари од 13 предвидени. Второто полувреме го почна со порака „што правиме за Евровизија, знаеш дека ги знам првите три места“, плус една тажна вест.

Евровизија се гледа со две раце

Додека другите мереа гласови, гео-стратешки поделби и кој на кого му е брат по Евровизија, Порнхаб за време на финалето 61-та Евровизија мереше кој колку го посетувал нивниот сајт.

Студената војна и жената со брада

Повеќенасочните хејтања која ги предизвика појавата на Кончита е само мачкање очи пред еден многу посериозен глобален судир. Кончита стана повод за поделба на Европа а гласањето за или против неа стана травестиран референдум за или против Русија.

Историја на нули на Евровизија

Од воведувањето на сегашниот систем на гласање со делење од 1 до 12 поени, само 14 песни што се појавиле на Евровизија завршиле со вкупно 0 (нула) поени. Во овие 14, Норвешка учествува со 3, а Турција има 2. Ова не е така лесно како што изгледа.

Украинската криза стигна и на Евровизија

Иако во минатото неколку претставници на Украина ја искористија Евровизија како платформа за анти-Руски слогани, годинава Украинците ќе одат со крајно љубовна песна. Русија подеднакво не сака да ја преплаши публиката, па прати две 17-годишни блондинки близначки со уште една љубовна балада

Истрага за руските поени на Евровизија

Претседателот на Азербејџан нареди да се спроведе истрага за тоа зошто земјата на Русија и даде "нула поени" во финалето на Евровизија.

Есма и Лозано сас козите

Значи стварно се изнасравме на сè што годинава се случува околу Евровизија. Не дека нема за што: ем тоа песната помпезна (замислите Турчин пред ТВ кога сфаќа дека НИЕ пееме за империја), ем спотот крајно лош, ем да ја трошиш Есма со таква песна е како да ја имаш Мерил Стрип за еден филм а ѝ даваш да ти глуми во "Македонски народни приказни". Одиме со верзија од читател кој додал дополнителни вокали и заменил пар кадри кои по него подобро ја претставуваат состојбата во нашата земја.

Рамбо и црногорската книжевна пролет

Рамбо Амадеус и неговото магаре навистина не влегоа во финалето на Евровизија, но затоа добија текст во Економист. Поврзувајќи ги традициите на епската поезија на Његош, со онаа на премиерот на Црна Гора, и конечно со Рамбо, авторот на крај има добра поента - Црна Гора е книжевно село, како впрочем и и Македонија.

Србија до Азербејџан

Германскиот дневен весник Тагесцајтунг објави текст на српскиот писател Владимир Арсенијевиќ воочи претстојната Евровизија под наслов „Галаксија на еврокичот".

Црно и бело - Баку

Неколку десетини илјади жители на Баку имаат причина да ги мразат Ели и Ники, минатогодишните победници на Евровизија заради кои главниот град на Азербејџан годинава ќе биде домаќин на приредбата.

Сите песни од Евровизија

Парчиња од сите 42 песни кои ќе бидат испеани на Евровизија 2012. Со нечии (глупи) коментари. Уште по првиот коментар ти доаѓа да стиснеш стоп (го руга Рамбо), ама после си викаш, чек да видам што ќе каже за Македонија. И така, малку по малку, ќе се изнаслушаш глупости.

Ќути, трај си синко. Ние старите да си поживееме уште малу, за корка лепче се има де!

Скопје сепак не падна. Се уште има шанса за културата во Македонија, младите можат и мораат да работат заедно (и да ми го купат новото цд кога ќе излезе, а не да ми преснимуваат мп3!)

Евровизискиот спот на Рамбо

Рамбо сепак уште знае да освежи, иако на слична матрица има направено дузина песни (Пластик, фантастик етц). Еве го спотот на неговата песна за Евровизија (Црна Гора) и стварно е буљаш ако не го земе магарето во Азербејџан.