Економист

Рамбо и црногорската книжевна пролет

Рамбо Амадеус и неговото магаре навистина не влегоа во финалето на Евровизија, но затоа добија текст во Економист. Поврзувајќи ги традициите на епската поезија на Његош, со онаа на премиерот на Црна Гора, и конечно со Рамбо, авторот на крај има добра поента - Црна Гора е книжевно село, како впрочем и и Македонија.

EURO neuro

Euro neuro
Euro neuro
Monetary brake dance
Euro neuro
Euro neuro
Euro neuro
Give me chance to refinance

Ова се некои од стиховите на црногорската песна-кандидат за песна на Евровизија. Црна Гора го користи еврото, иако земјата не е официјално членка на еврозоната.

Црногорците го одбраа Рамбо Амадеус како нивен претставник. Не е тешко да се сфати зошто. Долго време пред падот на Југославија, пејачот беше мега популарен и често со крајно комични настапи на музичката и забавна сцена низ цела поранешна Југославија, така што Црногорците се надеваат дека оваа година ќе соберат гласови од Македонија до Словенија, за потоа да ги победат сите останати.

Во видеото „селанецот" Амадеус се симнува од ридовите на неговото магаре, да спечали од снобовските северно-Европејци, девојките спремни за мажење во нивните бикини и другите летувалци. Тој и неговото магаре имаат порака. Тие крај базенот пеат:

Euro skeptic,
analfabetik, try not to be hermetic.

Euro Neuro don't be skeptik,
hermetic, pathetic, analfabetic
forget old cosmetic
you need new poetic, estetic
eclectic, dialectic

Во финалната трагична сцена нашиот херој се враќа дома додека неговото магаре ги јаде тешко стекнатите евра кои ѕиркаат од џебот на неговиот газда. Ако тоа не е слика исполнета со симболика, тогаш што е? Секако, како што Европа се труди да пронајде решение за Грција, Амадеус вежбаше на сцената во Баку со Тројанско магаре. Тој на новинарите им изјави дека магарето не било толку важно за историјата како Тројанскиот коњ, но дека треба да му се даде шанса.

Црногорците отсекогаш се сметале за писатели и уметници. Историски, вели Кенет Морисон, професор и експерт за Црна Гора во Британија, мажите во оваа земја не се гледале себеси „само како воини туку и како поети со душа. Да се биде поет било природен дел од тоа да се биде Црногорец, истовремено дур се бореле со Турците, и тоа воопшто не се сметало за феминизирано".

Шест години по независноста земјата, како што вели г-дин Морисон, таа доживува „нов бран" црногорски писатели. Само мал број од нив се меѓународно присутни. Но со оглед на тоа што земјата е толку мала, ова е „еквивалентно на 30 или 50 во Велика Британија. Тоа е многу значајно. Нешто се случува."

Тројцата најпознати млади црногорски писатели се Балса Брковиќ, Андреј Николаидис и Огњен Спахиќ. Минатата недела г-дин Николаидис и г-дин Спахиќ беа во Лондон за да зборуваат на различни книжевни панели. Г-дин Николаидис беше исто така говорник на годишниот собир на Европската банка за реконструкција и развој а минатата година беше добитник на Наградата на ЕУ за литература. Тој беше во Лондон за да зборува за неговата книга „Доаѓање", која само што беше преведена на англиски. Сместен во крајбрежниот град Улцињ, тоа е детективски роман, во кој Ден Браун е помешан со приказната на Сабатаи Зеви, еврејски месија од 17. век кој умрел во Улцињ.

Г-дин Николаидис има репутација на лошо момче. Кога беше откриено оружје во сала во Бања Лука каде требаше да зборуваат српскиот претседател Борис Тадиќ заедно со Милорад Додик, претседателот на Република Српска, тој напиша сатиричен текст во кој се вели дека ако тие двајцата би биле убиени тоа би било чекор напред за човештвото. Всушност немало обид за убиство (оружјето било само скриено таму), но коментарот предизвика бура во Србија, каде е користен како дел од предизборната кампања од различни политичари. Г-дин Николаидис вели дека сето тоа било добар публицитет. „Тие ме искористија за нивната кампања. Јас ќе ги употребам за мојата".

Ако Николаидис е политичка фигура, г-дин Спахиќ не е. Неговиот роман, Децата на Хансен, кој освои престижни награди во Романија и Босна и беше преведен на неколку јазици, се случува пред повеќе од две децении во (реалната) последна колонија на лепрозни во Европа и Романија. Спахиќ бил повикан во ЈНА кога се распаѓала Југославија, и не можел да си го земе пасошот. Така, тој вели дека во 1990-тите „не правел ништо освен што читал цели библиотеки". После тоа почнала неговата книжевна кариера.

Еден современ писател и поет се уште не е преведен на англиски - Игор Лукшиќ, чија секојдневна работа е да биде премиер на Црна Гора. Неодамна тој објави два тома поезија, Книга на смеа и Книга на страв. Тој во голема мерка ја следи црногорската традиција која води до 1847, кога Његош кој тогаш ја водел земјата, го објавил неговиот славен Горски венец. Се уште сметана за класика, неговата поезија е радикално политички некоректна, како деловите со етничко чистење, во кои Црногорците ги убиваат нивните муслимански непријатели кои не сакаат да преминат во христијанство. По Његош, кралот Никола кој владеел од 1860 до 1918, исто така се занимавал со пишување поезија, како се уште популарната „Онамо, онамо!", која е сеќавање на ослободувањето на Косово од турско ропство, онака како што тоа го виделе Србите и Црногорците.

За среќа г-дин Лукшиќ стои на страна од вавките теми. Неговиот репертоар вклучува љубовни песни, и други во кои Црногорците се обидуваат да го слават она што го мисли лидерот. Во песна наречена Вакуум, тој пишува:

Веќе сум победен
веројатно ја губам битката

Во времето на Његош или крал Никола за критикување на песните на водачот сте можеле да бидете прогонети, или да ви се случи нешто полошо. Но сега не е така. Г-дин Спахиќ вели дека било „чудно" да се види премиерот како ги чита неговите песни во книжарница полна со телохранители и додава дека додека крал Никола бил најлошиот црногорски поет, г-дин Лукшиќ е „втор најлош".

Со оглед на тоа колку е мала, книжевната и забавна сцена во Црна Гора е како село, па секој кој ќе ги види Спахиќ, Николаидис и Рамбо Амадеус како се расправаат дур пијат кафе околу вредностите на оваа или онаа песна, книга или дело, не треба да бидат изненадени.