„Парасоцијален“ е збор на годината од според речникот Кембриџ

Однос во кој една личност чувствува блискост, пријателство или емоционална врска со некој кого реално не го познава – најчесто славна личност, инфлуенсер или дури фиктивен лик - се нарекува „парасоцијален“. Притоа, врската е еднострана - ти знаеш многу за нив, тие не знаат ништо за тебе. Ама тоа „знаење“ е исто така илузија.

Терминот се однесува на чувство на „односи“ што некој ги има со позната личност која воопшто не ја познава. Зборот првпат се појавил во 1956 година, кога американски социолози забележале дека гледачите на телевизија воспоставуваат „парасоцијални“ врски со личности од екранот.

Главниот уредник на речникот, Колин Мекинтош, објаснува дека денес терминот се користи за врска меѓу личност и „не-личност“ – најчесто славна личност чии карактеристики може да се само замислени, но не и реални – и дека, иако потекнува од академски контекст, дури неодамна навистина навлегол во секојдневниот јазик, особено под влијание на социјалните мрежи.

Речникот наведува и други примери, како новите парасоцијални односи што луѓето ги развиваат со ВИ-ботови – доживувајќи ги како доверливи пријатели или дури романтични партнери. Исто така се споменува и како исповедниот тон на водителите на подкасти може да создаде чувство на „блискост“ кај слушателите.

Зборот станал многу пребаруван по инцидентот кога јутјуб ѕвездата IShowSpeed блокирал опсесивен фан нарекувајќи го „мојот парасоцијален број 1“. Парасоцијалноста не е само опсесија – тоа е чувство дека познатата личност те „познава“ исто како што ти ја познаваш неа.

Терминот првично го вовеле социолозите Доналд Хортон и Ричард Вол од Универзитетот во Чикаго, кои забележале дека телевизијата ги носи лицата на актерите во домовите и секојдневието на луѓето, создавајќи лажна, но силна блискост. Уредниците велат дека не оценуваат дали зборовите се „добри“ или „лоши“ – туку само дали ќе опстанат во употребата.

Оваа година во речникот влегоа и други нови зборови, меѓу кои скибиди, делулу и тредвајф.

извор

18 ноември 2025 - 17:44