По тој повод, а особено заради повеќедецениската, континуирана наци-шовинистичка официјална и институционална политика на Бугарија спрема Македонија и нас Македонците, договорот го споделувам во целост, и тоа на бугарски јазик, од официјално издание (скриншотови тука), во чие составување соработувало и Министерството за надворешни работи на Бугарија на чие чело денеска е Екатерина Захариева.
Обрнете внимание на овие детали.
На пример, во преамбулата се вели:
„...земајќи предвид дека Бугарија, откако стана сојузник на Хитлерова Германија и учествуваше на нејзина страна во војната против СССР, ОК, САД и другите обединети народи (читај=меѓу кои и МАКЕДОНСКИОТ), носи свој дел од одговорноста за оваа војна...“
Член 4 вели:
„Бугарија, која во согласност со Согласноста за примирје презеде мерки за растурање на сите организации од фашистички тип што се наоѓаат на нејзина територија: политички, воени, или полувоени, како и на сите други организации што водат непријателска пропаганда против Обединетите народи (читај=меѓу кои и МАКЕДОНСКИОТ), се задолжува да не допушта и за во иднина постоење и дејност на организации од тој вид, коишто имаат за цел да го лишат народот од неговите демократски права.“
Во Петтиод Дел кој се однесува на репарациите и реституциите, во Член 21 се вели:
„1. Загубите причинети на Југославија и Грција од воените дејствија и од бугарската ОКУПАЦИЈА на териториите на тие држави, ќе бидат обештетени од Бугарија на Југославија и Грција, при што, кога ќе се земе предвид дека Бугарија не само што излезе од војната против Обединетите народи, туку и објави и фактички водеше војна против Германија, страните се договараат обесштетувањето на посочените загуби да биде извршено од страна на Бугарија не наполно, туку само делумно, имено во размер од 70 милиони американски долари, кои ќе бидат исплатени во рок од 8 години од влегувањето во сила на овој договор во стоки, произведени од бугарската производна и преработувачка индустрија и селското стопанство. Сумата за обесштетување на Грција ќе изнесува 45 милиони американски долари, а сумата за обесштетување на Југославија ќе изнесува 25 милиони американски долари.
2. Количеството и категориите на стоките, коишто ќе треба да се достават, ќе бидат определени преку договори склучени од владите на Грција и Југославија со бугарската влада. Тие договори ќе бидат соопштени на шефовите на дипломатските мисии на СССР, ОК и САД во Софија.
3. За основ на пресметката за овој член е земен доларот на САД според неговиот златен паритет од 1 јули 1946 г., т.е. 35 долари за една унца злато.
4. За основа на оценката на стоките доставени според овој член ќе се земат меѓународните пазарни цени за 1938 г. во американски долари со повишување од 15% за индустриските производи и 10% за другите производи. Расходите за доставувањето до грчката и југословенската граница ќе бидат на терет на бугарската влада.“
МнВР на НРБ „Външна политика на Народна Република България“, Том 1, Наука и изкуство, София, 1970, стр. 45-78.
Само да појаснам дека $25.000.000/35 = 714.285
т.е. според предвидените репарации за Југославија, а поточно за Македонија, тоа е износот на златни унци.
Една унца злато денеска вреди $1816 американски долари т.е. во денешна вредност Бугарија на Југославија, или поточно во најголем дел на Македонија би требала да и исплати 1 милијарда 297 милиони 142 илјади и 857 и кусур американски долари ($1.297.142.857)!
**********
Види и: