Евровизиски гатања 2019-та

Во најамбициозното и најхраброто од досегашните предвидувања на исходот на Евровизија ги имаме првите три места во крајниот исход, и еден голем бонус заради кој моравме исходот денес да го објавиме а не да чекаме до петок.

Предвидувањето што стигна до нас е:

Евровизија 2019:
1. Холандија
2. Шведска
3. Русија


Македонија влага у финале.

Кога прашавме да не треба уште време за штимање на листата, ни беше додаден само амандман дека само Шведска и Русија може да си ги заменат местата, инаку Холандија е фикс, првите три се фикс, и Македонија во финале е фикс.

Првото полу-финале е вечер. Ние сме во второто, во четврток.

 

14 мај 2019 - 12:41