Историја на нули на Евровизија

Од воведувањето на сегашниот систем на гласање со делење од 1 до 12 поени, само 14 песни што се појавиле на Евровизија завршиле со вкупно 0 (нула) поени. Во овие 14, Норвешка учествува со 3, а Турција има 2. Ова не е така лесно како што изгледа.

Да нема забуна, ова е доста макотрпно достигнување ако се има предвид колку многу држави учествуваат во гласањето и колку работат комшиските врски во целата работа, па песната треба да биде навистина ужасна за да не добие ниту еден единствен глас.

Листата почнува од 1978-ма, кога и се воведува новиот систем. Претходно од 63-та до 78-ма, по стариот систем има околу 20 држави кои добиваат нула гласови. Меѓу нив e и Југославија во 1964-та, кога на Евровизија го пушта Сабахудин Курт од БиХ, со песната "Живот је склопио круг."

Еве ги 14-те негласани (хронолошки):

1978-ра Норвешка
"Mil Etter Mil"
Jahn Teigen


1981-ра Норвешка
"Aldri I Livet"
Finn Kalvik

1982-ра Финска
"Nuku Pommiin"
Kojo

1983-та Турција
"Opera"
Cetin Alp


1983-та Шпанија
"Quien Maneja Mi Barca"
Remedios Amaya


1987-ма Турција
"Sarkim Sevgi Ustune"
Seyal Tanner


1988-ма Австрија
"Lisa, Mona Lisa"
Wilfried


1989-та Исланд
"Pad Sem Enginn Ser"
Daniel


1991-ва Австрија
"Venedig Im Regen"
Thomas Forstner


1994-та Литванија
"Lopisine Mylimaj"
Ovidijus Vysniauskas


1997-ма Норвешка
"San Francisco"
Tor Endresen


1997-ма Португалија
"Antes De Adeus"
Celia Lawson


1998-ма Швајцарија
"Lass Ihn"
Gunvor


2003-та Британија
"Cry Baby"
Jemini


Бонус, Сабадудин 1964-та:


8 мај 2014 - 10:40