Истрага за руските поени на Евровизија

Претседателот на Азербејџан нареди да се спроведе истрага за тоа зошто земјата на Русија и даде "нула поени" во финалето на Евровизија.

Според властите, и гласачите и жирито во Азербејџан и дале силна поддршка на руската песна и не е јасно како може таа да заврши без ниту еден поен од нив. Плус, Русите им дадоа 12 поени на Азербејџанците, кои завршија на второ место.

Информацијата ја соопшти амбасадорот во Русија, Полад Булбулоглу, кој откри дека претседателот Алиев наредил истрага и пребројување на гласовите.

"Според податоците ние што ги имаме, Русија требаше да добие 10 поени од Азербејџан. Вечерва за ова ќе има сопштение на државната телевизија."

Потенцијалната грешка ја потврди и првиот човек на државната телевизија, кој меѓу другото се надева дека "овој инцидент, кој може да е предизвика од одредени интересни групи, нема да фрли сенка на братските односи меѓу рускиот и азербејџанскиот народ." Тој не ја објаснил дополнително својата изјава.

21 мај 2013 - 06:52