
Се очекува дека годинава односот меѓу Русија и Украина ќе биде сличен на 2005-та, во времето на портокаловата револуција, кога Русија на својот сосед му даде само 2 поена, иако претходната година му додели 12.
Во исто време, Украина не е премногу сигурна како ќе завршат нејзините гласови, посебно што во телевоутингот за украинските гласови ќе учествува и руското малцинство во земјата.
Процената на Пол Џордан, британски академски истражувач и огромен фан на Евровизија (со прекар др. Евровизија), е дека годинава Русија лошо ќе мине на натпреварот, и тоа по две основи: прво, за проблемите околу инвазијата на Украина, и второ, заради воведувањето на анти-геј законодавството.
"Изгледа дека на Русија нема да и биде лесно со публиката на Евровизија, која главно е составена од геј мажи. Моментално има дебата во евровизиската заедница, за тоа дали луѓето треба да ги исвиркуваат двете тинејџерки кои пеат прилично слатка песна. Дали е ова намерен избор на Русија? Секако изгледа како тие да знаат што прават," објаснува Џордан.