Работите стојат вака: наместо „две од карти“ што обично му ги дозволуваме да ги утне на Оскарите (кога предвидува по 13 Оскари), тука олеснителна околност му е само да ги каже првите четири без потреба од редослед (сигурно во кладилница има и таква некоја игра).
Па предвидувањата за првите четири на годинешнава Евровизија (без никаков редослед) се:
- Израел
- Кипар
- Естонија
- Норвешка
Тоа е за тоа, додека тажната вест се однесува на македонскиот претставник, кој според него ни годинава нема да влезе во финале.