Слично како премиерата на Игра на тронови, Супер Боул и НБА финалето, и последната вечер на Евровизија предизвикала забележителен пад во посетеноста Порнхаб.
Така во саботата вечер на Порнхаб имало речиси 30% помалку Французи отколку вообичаено. По нив најзабележително било отсуството на Белгијците, кои ги имало 27% помалку, и Германците со пад на посетеноста од 25%.
Според луѓето од Порнхаб, забележан е пад на сообраќајот од уште неколку држави кои влегле во финалето, "ама немаше никаков значителен пад на посетеноста од Украина," победникот на годинешната Евровизија.
На европско ниво во просек има пад од 11% за време на 4-часовното финале на Евровизија. Најголемиот пад на посетеноста е околу 21 часот, 16%, за околу 23 часот да се врати на нормала.
Загубеното време било надоместено во часовите по завршувањето на Евровизија, кога посетеноста на Порнхаб од Европа се зголемува за 12% во однос на просекот за тој период од денот.