Ова не учат на школо, нели?

Уште од Мел Брукс и за нас формативниот негов филм, кај нас тогаш преведен како „Смешната страна на историјата“, живо нè забављаат малите, небитни и „шо ти е гајле дали се точни“ приказни од минатото, како некаков антидот за големите истории во кои сме принудени да се прпелкаме, што објективно, што од тупаџии кои ги знаат сите тајни. Одиме со една таква приказна од паралелната историја.

Малкумина луѓе знаат за историската позадина на овој идиом.

Во време на средновековното турско ропство, на турските великодостојници им следувало „правото на првата брачна ноќ“ (латински: jus primae noctis).

Со други зборови, локалниот феудален господар имал право, но и обврска, да ја ебе младата.

Бидејќи тие паши главно биле средовечни луѓе а за викенд знаеле да се соберат и по дузина свадби, се појавил проблем со ерекцијата.

За да се надмине овој проблем, била користена еден вид свирка, налик на подолга шупелка. Таа би се инсертирала во анусот на турскиот паша а неговиот помошник со дување би ја надразнувал простатата, каде што се наоѓа Г точката на мажите, за на тој начин да ја стимулира ерекцијата на својот шеф.

Ете, од тоа време и од тие прилики, драги наши историски ентузијасти, потекнува изразот „Свирање курцу.“

апокрифно

 

 

7 декември 2020 - 18:12