Таг: лага

Лажи, лажи, Вере: како бил измислен полиграфот?

Идејата дека телесните процеси можат да го „издадат“ умот постоела со векови. Во древна Кина осомничените требало да џвакаат неварен ориз - се верувало дека тој би се залепил за сувите, нервозни усни на виновните. Во 1730, Даниел Дефо, авторот на „Робинзон Крусо“, сугерирал дека забрзаниот пулс на потенцијалните џепџии би бил знак за нивно распознавање. „Вината секогаш со себе носи страв“, напишал тој. „Во крвта на крадецот има тремор“.

„Носот ми расте“: парадоксот на Пинокио

На денот на шегата и безопасните лаги (ако воопшто има такви), парадокс кој вклучува еден од стереотипно најголемите лажговци во популарната култура, а не е политичар. Измислен е од 11-годишно девојче, чиј татко ѝ дал задача да смисли верзија на онаа „Еден Грк вели дека сите Грци лажат“.

Зошто лагите се општествено корисни?

Најпознат по одличните „Сапиенс“ и „Хомо Деус“, Харари најавува две нови книги, збирки есеи „Модерна етика во 77 аргументи“ и „Модерна филозофија во 133 аргументи“, кои ќе содржат есеи објавувани во Њујорк Тајмс. Еден од нив зборува за неопходноста од лаги за повисока цел - општествена кохезија. Вреди ли?

Вистината нема шанси со лагата

Наспроти нашата пуста верба дека „на лагата ѝ се кратки нозете“, Џонатан Свифт на времето напиша „Лагата лета а Вистината доаѓа после неа и се тетерави“. За жал, она што пред три века била само хипербола, денеска е прецизен опис на функционирањето на социјалните мрежи.

На лагата нозете ѝ се штотуку проодени

Истражувањата ја потврдуваат максимата дека „на лагата ѝ се кратки нозете“. Но, не заради она што вообичаено се мисли под тоа, туку затоа што луѓето почнуваат да лажат од најмали нозе -  од две години. А родителите тоа би требало да ги радува.

Американските пливачи лажеле дека биле ограбени

Сега и дефинитивно е јасно дека Рајан Лохти (32)  и неговите колеги од пливачката репрезентација на САД ја измислиле приказната дека биле ограбени под закана на оружје во Рио де Жанеиро.

На лагата ѝ е долг пенисот

Прво, немој да лажеш. Ако лажеш ќе ти порасне носот како на Пинокио. Второ, немој да лажеш пошто на лагата и се кратки нозете.
Трето, не ја кажувај вистината баш секогаш, пред секого, во секоја прилика. Во превод, лажи до јаја.

Шармантните лаги на Минхаузен

Официјалниот ден на лагата, шегата, подбивот и ставањето маски, кој оваа година случајно се поклопува со изборите, во литературата прв пат се спомнува во „Кентерберијските приказни" на Чосер од 14. век. Но кога е во прашање лажењето, на еден книжевен лик му нема конкуренција. Да, на Минхаузен.

На лагата долга и е креативноста?

Креативните луѓе е многу поверојатно да бидат нечесни а потоа под притисок на бељата што ја направиле да бидат уште покреативни.