Повеќето родители се загрижуваат или разочаруваат кога ќе сфатат дека нивното дете почнало да ги лаже. Возрасните веруваат во чесноста како морален императив, се обидуваат да ја инсталираат таа верба во нив во што помагаат и класиците на воспитувањето во ликот на приказните за Пинокио или детето со волкот кои ја пренесуваат пораката дека лажењето е погрешно и може да биде опасно.
Но, истражувањата покажуваат сосема спротивно. Лажењето е сосема нормално и е знак за интелигенција.
Децата ја откриваат лагата уште на двегодишна возраст. Експерименталниот модел на оваа тема е воспоставен одамна и се состои од тоа да ставиш играчка позади дете и да му кажеш да не ја погледне додека си надвор од просторијата. Две константи се појавуваат во таква ситуација: огромно мнозинство деце сепак ќе ѕирнат во играчката а добар дел од нив ќе излажат дека не ѕирнале. Таква е една третина деца од две години, половина од децата од 3 години и 80 или повеќе проценти од оние на четиригодишна возраст или поголеми, без разлика на полот, расата или религиозната припадност на нивното семејство.
Дополнителни студии на оваа тена покажале дека малите се извонредно добри во лажењето. Снимки од нивните одговори дали ја погледнале играчката или не им биле покажувани на возрасни лица од разни професии (меѓу кои и социјални работници, полицајци и судии) при што се утврдило дека ниеден професионалец не умее конзистентно да препознава детска лага.
На прашањето зошто некои деца почнуваат да лажат уште многу мали, а некои подоцна, научниот одговор е дека првите се - попаметни. Кaј нив се утврдени 10 поени поголем вербален IQ, подобри се во таканареченото извршно функционирање (збир вештини за контролирање на импулсите и фокусирање на задачата) и поспособни се да го видат светот низ туѓи очи, што е важна когнитивна способност. Всушност, најпаметни излегле оние деца кои воопшто не погледнале во играчката но тие се вистинска реткост.
Психологот Канг Ли кој се децении се занимава со овие теми вели дека ако родителите откријат дека детето почнало да ги лаже на две или три години, би требало да прослават. Но, и ако нивното мало заостанува во тој поглед, да не се секираат, се учи тоа. Постојат низа интерактивни игри и вежби за играње улоги кои и најискрените деца за неколку недели ќе ги претворат во вешти лажови.