Во истражувањето на Harvard Business School и Универзитетот Дјук, се открива дека креативноста поттикнува нечесно однесување, кое потоа ја поттикнува креативноста.
"Ова е круг кој сам се зајакнува. Имаш ситуација во која креативноста иницијално ќе те одведе преку линијата, а тогаш самата измама ќе ја зголеми твојата креативност, што на крај ќе направи да ти биде полесно пак да направиш некоја измама," објаснува Франческа Џино од Харвард.
Во првото истражување од студијата, биле анкетирани 99 вработени од 17 оддели од една американска маркетинг агенција. Тие требало да одговорат колку е веројатно да бидат дел од некоја етички сомнителна ситуација - од крадење канцелариски материјали, до лажење за службени трошоци.
"Најдовме поврзаност. Колку повеќе креативност е потребна за позицијата на која работи, толку повеќе испитаникот беше неетички настроен," објаснува Џино.
Во основа, за креативните типови не е проблем неетички да се однесуваат бидејќи полесно можат да најдат објаснување зошто нивното однесување не е проблематично.
Ова не значи дека графичките дизајнери се по нечесни од да речеме сметководителите, туку дека тие се само подобро опремени да најдат начин како да бидат нечесни без да си го нарушат мислењето за себе.