На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.
„Милениците“ се всушност пар глувци, чии сопственици вложиле навистина голем труд во тоа да им обезбедат малку забава и културна надоградба во овие тешки моменти.
Сè што треба да направите за следното лето е да аплицирате кај сопственикот со своја креативна идеја. А тој ќе одлучи дали таа заслужува една недела на ваков остров.
Нова изложба во галеријата Барбикан во Лондон под наслов „Модерни парови“ претставува уметници и писатели кои биле истовремено и љубовници и креативни партнери. А понекогаш броеле повеќе од двајца.
До 18 март во Париз, во спомен-куќата на Виктор Иго, се одржува изложба на четири збирки уметнички дела кои датираат од периодот пред и за време на двете светски војни. Она што ги разликува од „обичните“ е што се направени главно од анонимни уметници, кои во тој период биле пациенти во некоја од европските психијатриски болници.
Постојат бројни активности со кои на детето може да се пополни празнотијата на летните распусти за да не му биде здодевно. Но, ако не му дадете шанса да му е досадно, кога тоа ќе открие што всушност сака?
Дали кога сте се обиделе нешто да напишете сте се почувствувале како мазга што влече невлидлив товар, обидувајќи се со сите сили да извадите од себе нешто што никако не сака да излезе? За сите оние кои потклекнале пред овој напор, има решение - да знаеш дека сето тоа не зависи (само) од тебе.
Вистински креативните личности психолошки се и машки и женски. Или поточно, ниту машки, ниту женски. Се работи за баланс на стереотипно спротивставени својства кој на оние кои ќе успеат да го постигнат им овозможува оригинален и инспиративен светоглед.
Без разлика дали читаш интернет листи или цели книги посветени на рутините на успешните уметници, ќе забележиш две работи: нема два уметника кои кажале иста рутина, и дека нема еден единствен уметник кој навел - читам рутини на други уметници.
Стариот добар Бук за тоа дали навистина се потребни идеални услови за да создаваш, или тоа е сепак жесток внатрешен порив, кој одолева на сите животни премрежја. И стрипче според негова песна на оваа тема.
Овојпат без нашите омилени ликови од екс-советскиот простор, неколку примери на државници чие лично "I have a dream" се претворал во кошмар за луѓето од тие земји.
Некои во пишувањето се инспирираат од поглед низ прозорецот, некои од читање туѓи книги, трети од слушање музика. Но има еден начин кој докажано поттикнува креативни сокови. Некои автори отворено проговориле за оваа нивна стратегија.
Сабота е, алармот исклучен, домашните блажено спијат, а вие станувате рано-рано и се фаќате за компјутер, за пред денот да тргне во непредвидливи насоки да си поработите на раат. Што, вие не правите така?
Една од големите мистерии на човештвото е онаа за неговата креативност. Од каде доаѓа поривот за создавање, дали човек се раѓа креативен, или тоа е сепак комбинација на талент и работа?