Петс Пандоро и Тирамису - две глувчиња од родот Gerbillinae - на 5 април доживеале изненадување. Нивните сопственици, Филипо Лоренцин, независен куратор од Музејот на Алберт и Викторија во Лондон и неговата девојка, Маријана Бенети, „отвориле“ минијатурен музеј кој самите го направиле во тек на неколку часа во карантин.
Во малата галерија се изложени четири слики - репродукции на Мона Лиза на да Винчи, Крик на Мунк, Девојката со бисерната обетка на Вермер и Бакнежот на Климт. Се разбира сите се родентоморфни, односно ликовите на луѓето се заменети со глувчиња. Плус покрај секоја слика си има легенда и дигитален QR код за повеќе информации.
Браќата Петс и Тирамиуси, кои се стари 9 месеци, до сега не покажувале уметнички склоности. Дури и сега е тешко да се убедат дека не треба да ги грицкаат сликите, и покрај знаците за предупредување на музејските ѕидови. За среќа, сите искористени материјали (картон, хартија и дрво) се безбедни за глодари.
After the most surreal 24 hours of our lives, here is the video. Enjoy and support your museums ✨https://t.co/hqjtGtAqBd
— Filippo Lorenzin (@fi_lor) April 6, 2020