Фредрик Харен е шведски говорник и автор на девет книги, меѓу кои „Книгата на идеи“. Знаејќи колку се битни мирот и тишината за поттикнување на креативноста, тој си купил два острова блиску до Стокхолм, еден за себе и еден за гости, за „повеќе луѓе да имаат шанса да ја искусат магијата на тоа да бидеш сам со своите мисли“.
Островот има приватни песочни плажи, мало пристаниште и традиционални шведски колиби. Харен нуди престој на него за успешен апликант, кој ќе има опција или тука да помине една недела сосема сам или да донесе со себе и мало друштво. Формуларот кој во моментов се однесува на летото 2020 е прилично едноставен - важно е да се покаже страст за сопствениот креативен проект на кој ќе се работи. Престојот ќе биде бесплатен, иако доколку гостинот го сака тоа може да донира сума (1000 долари) на хуманитарна организација, во случајов таква која работи со аутистични деца на Филипините.
Иако проектот не е директно поврзан со „Книгата на идеи“ на Харен, излезена 2006, таа сепак може да помогне - половината од неа се состои од поглавја за развивање нови идеи кои вклучуваат и практични активности или вежби и 150 празни страници на кои може да се запишуваат сопствените идеи. Еве го Фредрик на еден настап додуша пред бизнисмени, но со добри поенти (хинт: што се добива со комбинирање на писоар и лавабо?)
Апликацијата за идното лето ви е тука
А ова е планот Б