Во овој извадок од говор од 1991. монтипајтоновецот Клис се обидува да ги детектира факторите кои не гарантираат креативност, но нејзе секако ѝ овозможуваат погодни „климатски" услови. Еве ги, сите пет. Нивниот мал број нека не ве лаже, тешко е и три од нив да постигнете.
1. Простор („Не можете да си играте, и со тоа да бидете кративни, ако сте под вообичаените притисоци")
2. Време („Не е доволно да создадете простор, морате да си создадете простор во тек на посебен временски период)
3. Уште време („Дајте му на вашиот ум доволно време да дојде до нешто оригинално", сосе толерирањето на непријатноста на „празното" време и неодлучноста)
4. Самодоверба („Ништо не влијае полошо врз креативноста од стравот од правење грешки")
5. Хумор („Главната еволутивна важност на хуморот е што тој нè пренесува од затворениот начин на размислување до отворениот побргу од било што друго)
Суштината на концептот на Клис е во комбинирањето на два начина на мислење - отворен, кога се обидуваме да добиеме широкоаголна слика на проблемот и да му овозможиме на умот да дојде до можните решенија, и затворен, кога зумираме врз примената на одредено решение.
Ви звучи пресложено за некој кој изгледа дека единствена работа му е да прави смешни скечеви? Можеби е до рационализацијата на процесот, а може па навистина да си креативно смешен и не е толку лесна работа...