Некогашниот Пајтоновец ќе интервјуира „лустрирани“ јавни личности, истражувајќи ги сите аспекти на политичката коректност, која како што вели самиот, сè уште не му е баш јасна.
На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.
Со пајтоновците мислевме дека се поздравивме во пакет за вјек и вјеков уште кога го гледавме нивниот настап пренесуван во живо од арената 02 во Лондон летоска (за што пишувавме тука). Ама двајца од нив сега си прават посебен проект, oбидувајќи се до крај да го „изгребат тенџерето“.
Една од големите мистерии на човештвото е онаа за неговата креативност. Од каде доаѓа поривот за создавање, дали човек се раѓа креативен, или тоа е сепак комбинација на талент и работа?