Клис и Ајлд во октомври ќе започнат турнеја со шоуто под наслов „Конечно заедно...за прв пат". Тоа е опишано како мешавина на скечеви и импровизации со музички точки, ексклузивни снимки, водна акробатика и долго парче за прашања и одговори со публиката. Од сето ова реално ни звучи само акробатиката.
Во познатиот ироничен стил тие вака ја образложуваат одлуката главно да настапуваат низ Флорида:
„Да, ова е намерно смислено за Џон и Ерик да си имаат бесплатен одмор. Да, тие немаат проблем да го признаат тоа. Англија е многу сива во октомври". Со оглед на нивните години (Ајдл има 72, Клис 75) ова нема да биде стенд-ап, туку сит-даун комедија.
Ова е трејлерот за нивните настапи, којшто завршува со зборовите - „нивниот веројатно последен настап заедно". Ги држиме за тоа „веројатно"-то.
Официјалниот сајт