Секој ден патувам со воз. Секое утро во шест од сабајле, на перон број десет го фаќам возот број 2121. Во воз запознав еден дечко. И тој исто како мене патува секој ден. Се спријателивме. Делиме многу време, многу разденувања, многу возни приказни. Тоа ти едно од оние пријателства каде што немаш никаква потреба да му угодиш. Не те привлекува физички за да треба да му се допаднеш, ниту некогаш ќе го видиш во ситуација различна од смрдливото возно купе, ниту ти е битно да го видиш. Не живее во твојот град, немате заедничка работа или пак поинаков интерес за да си размените телефонски броеви или да се аднете на фејсбук. Кога не ни се збори, го поминуваме цел трам-трам во молчење. Некогаш не престануваме да збориме. Збориме главно патници.
Можам да напишам прирачник за очи, прирачник за раце и гласови.
А тоа утрото е заебана комбинација. Никој главно не изгледа убаво, сите се подуени и сонливи. Утрото е долго, а возот оди само право. Некои читаат. Има и такви кои зјапаат во празно. Некои заспиваат. Кој грчи, кој се расправа по телефон и во цела бркотница од гласови и животи проследени со константниот звук на воз кој се тркала и оди само право, јас упорно барам луѓе кои не се самосожалуваат и кои не седат со скрстени рацe и собрана уста, лути на животот, накурчени на смрдливиот воз, накурчени заради работниот дел кој уште не започнал, лути на сè некого, на сeнешто.
Гледаме кој со каков тон одговара на телефон. Кој нетрпеливо гледа на часовникот и можеби минутите му изгледаат предолги за да ги издржи. Можда некој некаде го чека. За него најубавото допрва треба да дојде.
Понекогаш некои спијат со отворена уста. И мислам колку е спиењето интимно. Поинтимно од било кое јако водење љубов, подлабоко од некое порно ебење. И маж i дома, покрај неграциозната и скоро бизарна сцена, можда сепак мисли дека најубавото за него дошло.
Гледаме мајки кои се мачат да ги смират децата. Возот не оди ни побрзо ни побавно од сите минати и од сите идни денови. А ним не им држи газот. Сакаат да стигнат, кој знае каде, сакаат да стигнат без да патуваат. За да им го олеснат патот им зборат како тој да не постои, полесно им е да зборат за крајната дестинација. Веројатно и јас сум вака некреативна: " Ајде, сега стрпи се уште малку, па кога ќе стигнеме..." И после звук на изџвакако цеде. Имитација на глас на дух во филм.
Од мали те учат дека најубавото допрва треба да дојде. Ти даваат нозе за да одиш сам на нив, ти даваат крила за еден дена сам да се учиш да леташ, ти ги даваат сите можни алатки, ветувајќи ти го најубавото. Te советуваат да ги почитуваш родителите, да бидеш добар ученик и добар студент, да ги почитуваш постарите, да не го прекршуваш законот и да го почитуваш туѓиот труд. Те вежбаат трпеливост, издржливост и ти ветуваат нешто големо што ти не знаеш во која форма и во кое време ќе дојде. Само знаеш дека така треба.
Не знам, можда дека е крај на година, па несвесно веќе сме проектирани во следната. Можда зашто веќе почнаа да прават листи од НАЈ во 2013. Најсекси, најкликани, најфилм, најкнига, најдрољи, најштоне.
И ти несвесно, си правиш есап со годината што поминала и со сите пред неа.
Немаш поим како. Не знаеш од кои причини, ама имаш некое лепливо чувство што не можеш да го измиеш, дека најубавото уште не дошло. Немаш нихилистички побуди, не носиш огорченост со тоа што ти се случило, не си лут на судбината и не си несреќен за тоа што го немаш. Само знаеш дека најубавото уште не дошло.
И можда нема ни да дојде како што си го замислувал како мал дур ти го раскажувале. Можда нема да дојде со трескавици и грмотевици. Можда ќе дојде како што нема да го замислуваш. Во форма на рака кој ти помага да слезеш од воз или во форма на заскитана порака на некој незачуван број. Во форма на гинеколошки преглед или во форма на оглас за работа.
Можда нема ни да приметиш, а веќе ќе биде покрај тебе.
А со ова, едно фино "у тре пизде материне" на сите кои викаат дека не требало да се сањари. Дека сонувањето било погрешно. Дека животот е тоа. Дека човек треба да се задоволи пошто има и многу луѓе на кои им е полошо од што ти е тебе. УПМ на "Се ла ви" и на "Судбината ти била таква".
Дрим он. Реалноста е прецената. Не знам зошто ама треба да ми веруваш. Најубавото уште не дошло.
Емили, Италија