Професионална (р)еволуција

Доста се жалиш дека не можеш да најдеш работа. Доста ти е криво сè живо и диво околу тебе. Засукај ги ракавите и мисли. И ако ништо не можеш да смислиш, пак мисли. Ако не можеш на најдеш работа, можеш да си ја измислиш сам/a.

Предговор: Во Америка сите овие работи постојат веројатно од поодамна. Малку по малку еве ги и кај нас. А малку по малку може и кај вас.

Прв дел: Не ти треба архитект.

-Home stager - Во последно време, многу ин работа за која не ти е потребен архитект. Имено, при продажбата на куќи, овие фигури служат за да ја направат попривлечна. Треба да се разбираат малку од психологија, да имаат вкус и нормално да бидат внимателни во трошоците. Работата се состои во потенцирање на убавите страни и прикривање на маните со средување на мебелот, варосување и уредување на ентериерот. Накратко, се обидуваат да ја претстават куќата во најубаво светло.

-Home shopper Види подолу персонал шопер.

-Home relooker Доаѓаат дома и ти ја обновуваат куќата. Модата започната по француска линија во западните земји, веќе широко распространета. Пет академци од Милано се сплотиле и на нив се додал и по некој фактотум. Едниот реставрира мебел, другиот се занимава со боење на ѕидовите, третиот е хаусмајсор, четвртиот се занимава со вајарство и скулптура. Некој друг се грижи за цвеќињата и така, кој сака да потроши малку, а да и даде нов креативен дух на својата куќа им се обраќа за помош.

Втор дел: Дојди ми дома.

- Пица кај вас дома. Две сестри по потекло од Наполи се селат во Рим и сакаат да отворат пицерија. Арно ама, да отвориш пицерија кошта многу. Затоа решаваат да се предложат како пица мајстори за детски забави на домашен терен. Им се јавуваш, тие доаѓаат кај тебе дома, ти ја спремаат пицата, носат пијалоци и сите гаџети за деца за роденденска забава. Чистењето не е вклучено во цената.

- Куварка @хоум: кратко и јасно. Ја викаш дома. Таа веќе испазарила сè што и е потребно, доаѓа, готви и ја мести масата. Кога ручекот е сервиран, плаќаш. Чао пријатно.

- СOC Орман. Девојкава по професија била шивачка, приватно помодарка. Кога сфатила дека најголем дел од работите биле стеснување, преправање и модернизирање на гардеробата, а не шиење на нови работи, си ја преизмислила работата. Денес оди дома со цела опрема на повик и го чисти шкафот: ги преправа работите кога е потребно, од остатокот материјали прави нови алишта, непотребното го отстранува и без купување, шкафот е нов.

- Personal shopper Другарките одамна ми викаат да се фрлам во оваа работа и сега кога размислувам, верувам дека би ми се допаднала. Сега за сега го правам со мајка ми, а мајка ми е многу задоволна. Се чисти шкафот од сите непотребности, се модернизира и спасува тоа што е возможно. Се прави профил на клиентот. Што носи, како изгледа, каков живот води, какви потреби има, возраст и... шопингот може да почне. Личниот шопер оди во шопинг со или без вас (верувале или не, има жени кои едноставно не сакаат да одат во шопинг и да пробуваат). Нормално, треба да биде информиран, не само за модни збиднувања и трендовски струи туку треба да знае и каде да ги упати муштериите во одредени конкретни прилики или пак ако е потребно да купи он лајн. А и за тоа потребно е познавање на брендови, промоции, сајтови и кој бренд како "облекува". Правилото е да знаете да облечете некого и онака како што вие самите никогаш не би се облекле и да не му купите ствари кои ќе ги облече еднаш и никогаш повеќе.

Трет дел: Може и веб дејт.

-E-coach: малку понелоша варијанта на оние утрински емисии за аеробик од деведесетите. Во случајов се часови еден-на-еден, персонализиран, со закажување. Замисли на пример, децата одат да спијат, а ти од девет до десет си имаш вежбање без да палиш кола, без да се маткаш наваму натаму, да го договараш маж ти, мајка ти или бејбиситерката. Ти треба само компјутер.

За крај: На пауза, експрес здраво.

Ова не е некаква новост, реално. Една девоја од Рим кој секогаш имала проблем со ручекот на пауза, смислила глам ручек за жени. Кој не сака да се тови со лебови, кафани или да си готви претходниот ден, може да си нарача ланч бокс: со селско мени, тропско или вегетаријанско. Пакетчето стига комплетирано со чаша, вода, прибор за јадење и салфетки.

За деца има еден куп нови професии зашто се чини дека мајките се најотворени за "нови пазари"  поврзани со децата. Во некоја следна станица, ветувам. За денес толку.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

26 март 2013 - 16:32