На самиот почеток, сите овие нови изрази ми направија голема конфузија во глава. Јас си доаѓав од доста мејнстрим околина, а можда и возраста ми беше таква. Можда поинаку функционираше. Можда не знам. Можда едноставно дојдов во светот на големите и сфатив дека не е све црно или бело. Така мојот речник на дефиниции на недeфинирани статуси си е денес е на задоволително ниво, зашто италијанскиот има совршен збор за сè. Еве како јaзично изгледа една врска:
- симпатија - симпатија.
- ако се гледате, ама не сте во врска - се посетувате.
- дечко си е дечко. за "дечко" се употребува и "аморозо" што би значело љубен. И додека кај нас ова во тековен муабет на маса уз кафе нема никогаш да го слушнеш, тука "љубениот мој" можеш слободно да си го кажеш без да звучиш поетично или патетично или лигаво или вотевр. Си го сакаш бре и си кажуваш љубениот мој, љубовта моја или што и да е. Ете, ми се свиѓа помалку, компирче или златценце или сите глупи дeминутиви кои не се за во јавност (а ни за приватно, мене ако ме прашате).
- со истиот интензитет и со истото значење се употебува и "вереник", без при тоа да сте официјално верени. Тоа е некако како да не ти само дечко, туку да ти е многу дечко. Забелешка: во дваесет региони, дечко, девојка или вереник и сè тоа, се вика поинаку, во зависност од дијалектот.
- е сега, вереник се употребува и кога сте си дале збор, иако ова, барем на северот е малку изумрена традиција.
- маж си е маж и сопруг си е сопруг.
Шо праиме сега ако статусот не ви е баш-баш дефиниран, пошто денес е во мода да не се дефинираш. Да не се изразиш премногу категорично. Да си стоиш во некоја фаза на статус кво. Ем си, ем не си. Ем си слободен, ем не си дотолку. Да се курваш на неколку столчиња. Го имаме зборот.
- труба пријател. Игра на зборови. Тромба - труба. Тромбаре - на уличен италијански - ебење. Значи пријател за тоа. И ова пријателство може да трае со години. Труба пријател не ти е официјален дечко или девојка кој го носиш дома за да се запознае со твоите. Не правите романтични работи. Идеме во кревет и толку. Не делите викенди и одмори.
И со овој труба - пријател статус, јас видов сè и сешто.
Зашто, луѓе сме. Зашто границата не не никогаш строго дефинирана, нема етика, ниту форма. Нема редари и правилник за успешно одржување. Оваа граница е емотивно опасна граница.
Зашто многу е лесно да се заљубиш во труба пријател. Не делите секојдневие, се знаете ама не доволно за да си здосадите. Се гледате од јака и прекрасна причина - да се сакате. И многу е лесно да ја згазиш тенката црвена линија.
Труба пријател е тешко да го исхендлаш. Тешко е да си поставиш граница дека не треба да одиш понатаму, само зашто така сте решиле. Тешко е да знаеш дека има други труба пријателки. А не треба многу да прашуваш, зашто иако ти е пријател, не ти е најдобриот пријател пред кого пцуеш и подригнуваш. Пријател ти е ама не до толку. И не ти е доволно пријател за да му се исповедаш. А ако си кажеш дека не ти е баш сееедно ова труба - дружење, ги заебуваш правилата.
Со труба пријател, можеш и да го изедеш јако. Зашто трубење од љубов понекогаш е тешко да разликуваш. Понекогаш ти трубењето ќе го испомешаш со љубов, а за него ќе биде само едно јако трубење. Можда најдоброто до тогаш. Ама факт е, дека ти ќе испомешаш и ќе го изедеш ко со стап. И ќе ти биде мука невидена. Зашто тогаш нема веќе ништо да земеш со леснотија. И труба пријателството ќе стане мачење наместо уживање.
А може и обратно да се деси. И такви видов.
Таа нејќе да се врзе, а тој сака. И шопраиме сеа? И тоа дека сега не треба да се врзеш, зашто треба да си слободен, ја глупа глава, не можам да го укопчам. Како така, си викам, луѓево си даваат време и простор да се врзат и да се одврзат? Ако ти е убаво - убаво, како можеш да ги почитуваш правилата кој не ти ги препишал лекарот: дека-треба-да-си-сама. Кој вика дека треба да си сам/a?
Ете, низ сиве овие години, откога сфатив дека животот не е секогаш црн или бел, глува сум за оправдување од типот:
"Не, само што излегов од врска. Па сега ми треба време да сум сама"
"Не ми е периодов за врска"
"Не сум во моментов за озбилно да се врзам"
Ова се само оправдувања за да не се декларираш или лажеш за да не кажеш дека не ти е доволно јако.
А ако не ти е толку јако, и мене не ми е толку јако, не гледам зашто треба да трубиме.
Или е, или не е.
А ако е, треба да биде најпрекрасно, зашто сè што испод ова нај, е излишно и нема смисла. Медиокритетско сакање е тотален отпадок.
Хелоу, ај лов ју.
Не барам да се врзеш озбилно, зашто и ја не сакам да бидам врзана, зашто зборот врзан тежи самиот по себе. Врзан ме асоцира на врвка, а врвката на јазол, а еден јазол на многу јазли. Ич не мора да дефинираме. Да си кажеме дека сме врзани или дека сме во врска. Туку само да ни биде убаво дур сме.
Ако периодов не ти е за врска, не ми е ни мене. Никој никогаш не е вистински спремен за целоживотно врзување. Иначе луѓето пред да стапат во брак и да потпишат во тоа книгата страшна, немаа да имаат трема. Туку ќе се однесуваа како да идат на утакмица.
Ако во моментов не си озбилно, тогаш ајмо неозбилно. Само да не се лажеме, те молам. Тоа е најшугаво од све.
Може и труба пријатели на неодередено време, само жити мајка да не се лажеме и да не си даваме лимити на дозволеното. Фер плеј.
Знаете што му фали на нашиот речник? И на италијанскиот?
Забављали смо се. Ете тоа ни треба.
Што правите? Се забавуваме.
И трубиме јасно и гласно. За комшиите да пукнат од завист. Да ни биде најјако, дур ни е. Пошто трубење без сакање е главно тажна опција за забава.
Емили, Италија